Македонија
 

10 СОВЕТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ВАШЕТО ДЕТЕ ДА ПРЕРАСНЕ ВО ЧИТАТЕЛ

Дали сакате да одгледате дете кое ќе биде страствен читател но не знаете кои мерки да ги преземете?

Би ви олеснало кога ќе ви кажеме дека тоа всушност не е толку тешко. Вие можете многу лесно да го заинтересирате вашето дете за книги и читање. Тоа е нешто што секој родител може да го направи, без оглед на вашиот степен на образование или успех во школо. Во прилог можете да ги погледнете 10-те совети кои ќе ви помогнат вашето дете да прерасне во читател.

1200-60444928-happy-kid
1. Почнете рано
Ако сакате вашето дете да прерасне во читател, тогаш таа одлука треба да ја донесете уште кога вашето дете е бебе. Не ја носете одлуката кога детето веќе почнало да оди на училиште. Одвојувајте барем еден час секој ден за да му читате на детето и ќе бидете изненадени од тоа колку лесно и природно вашето дете ќе учи да чита кога ќе порасне. Читањето е навика и најважниот дел е да му помогнете на вашето дете да ја стекне навиката.

2. Читајте на глас секој ден
Најверојатно веќе знаете дека ова е многу важен дел. Но она што можеби не го знаете е колку е важно да го практикувате читањето на глас најчесто колку што можете и тоа од рана возраст. Истражувањата покажуваат дека за да одгледаме читател ние треба да им читаме на нашите бебиња од денот кога се родени и да продолжеме да им читаме на глас како што растат. Стремете се да им читате на глас секој ден. Пробајте да им читате барем три книги на ден по 10 минути.

3. Направете го читањето дел од вашиот секојдневен фамилијарен живот
Многу е важно да им бидете пример на вашите деца. Тие треба да не видат нас како читаме и како го дискутираме она што сме го прочитале така што ќе пораснат со пораката дека читањето е важен и забавен дел од животот. Посебно е важно машките деца да ги видат нивните татковци како читаат за да се побие верувањето кои постои во некои култури дека читањето е “женска работа”.

4. Читајте добри книги
Барајте книги кои би им биле интересни на вашето дете. Ова е доста лесно кога детете е мало но станува потешко кога тоа расте и може да чита самостојно. Добар почеток е да го однесете детето во библиотека или книжарница каде тоа ќе може да си ја одбере книгата што ја сака. Понекогаш овде може да настане проблем кога детето ќе треба да одбере една книга од илјадници. Тоа може да биде неодлучно и на крај да ви кажи дека “не можело да најде книга за читање”. Во овој случај од голема помош би било да разговарате со други родители кои ќе ви кажат кои книги ги читат нивните деца.

5. Направете го домот да биде удобен за читање
За да го поттикнете вашето дете да чита, треба да му овозможете мирно и удобно место за читање. Ова може да биде нешто едноставно како ламба за читање близу до креветот или аларм кој ќе означува пола час за читање пред спиење. Ако имате простор во детската соба, можете да уредете катче за читање. Кога домот ќе биде удобен за читање тогаш целата фамилија ќе знае да не го прекинува оној кој чита.

6. Одвоете време за читање
Многу деца не читаат за задоволство бидејќи го поминуваат целото слободно време пред телевизор за да гледаат цртани или пред комјутер за да играат игри. Ова може да биде доста интересно за децата но исто така може да биде губење на време ако се претера. Како родител, ваша обврска е да го менаџирате времето на вашете дето така што тоа ќе има време за читање. Поважно е да им всадете навика за читање отколку навика за седење пред екран.

7. Користете технологија
Ако вашето дете има таблет или Kindle тогаш можете да го истражете светот на електронските книги. Иако многупати се зборува дека вистинските книги се книгите со хартиени корици, нашите деца сепак живеат во свет на технологија. Децата може ќе бидат поотворени кон читање на електронски книги на нивните таблети или телефони. И хартиените книги и електронските имаат слична цена. На овој начин ќе имате поголем избор на книги и нема да мора да чекате до наредниот ден за да одете во најблиската библиотека или книжарница. Овие книги се добар избор за повозрасни деца или тинејџери.

8. Пробајте аудио книги
Слушањето на аудио книги нема да го замени читањето на глас, но ако вашето дете е повозрасно, ова може да биде добра алтернатива. На интернет може да се најдат многу забавни аудио книги кои би биле одличен начин да го заинтересирате вашето дете за книги и читање. Овие книги можете да ги добиете на CD или да ги симнете директно во вашиот таблет или телефон. Аудио книгите се исто така одлични за долги патувања или кога децата се болни.

9. Имајте ги книгите на дофат
Кога децата се мали, тие си играат со се што им е при рака. Тие немаат долга меморија и јазичните способности за да ги побараат книгите кои се скриени во некоја фиока. Затоа е многу важно да ги имате книгите на дофат во дел од вашиот дом каде што детето поминува долго време од денот. Вака тие ќе можат да ги дофатат и да ги читаат кога ќе посакаат. Со други зборови, нивните книги ќе станат дел од нивниот живот. За ова да успее, треба книгите да бидат изложени на пониски полици со кориците кон надвор.

10. Подарувајте книги

Подарувајте им книги на вашето дете кога слави роденден. Кога ќе пораснат, дозволете им самите да си ги одбираат книгите. Одењето во книжарница нека прерасне во роденденска традиција. Книгите ќе ги надживеат сите други поклони и ќе бидат скапоценост за детето.

_______________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476