Македонија
 

10 Добри Причини Да Научите Втор Јазик

  1. Градење на цврста основа

Учењето на втор јазик може да придонесе за подобро разбирање, па дури и да го подобри конципирањето на граматиката на нашиот прв јазик. Кога знаеме како функционира друг јазик, тоа не охрабрува да ги испитаме механиките на нашиот мајчин јазик.

  1. Поттикнување на мозокот

Истражувањата на ефектите од билингвализмот кај децата покажуваат дека изложувањето на децата на повеќе од еден јазик е одличен начин за активирање на нивните мозочни мускули – и нивно надградување! Во едно истражување објавено во Nature, билингвалните деца покажале значително поголема густина на “сива материја” во нивните мозоци.

  1. Градење самодоверба

Учењето на нов јазик е неспоредливо наградувачко искуство – на било која возраст. Бидејќи учењето јазик е интуитивно и природно за деца, леснотијата и задоволството од искуството може да ја зголеми нивната самодоверба и да ја зацврсти нивната желба за учење уште повеќе.

  1. Зголемување на академските достигнувања

Повеќе извештаи имаат потврдено дека децата кои имаат учено странски јазик имаат многу подобри резултати на страндардизирани тестови за разлика од нивните соученици кои знаат само еден јазик.

  1. Подобрување на вашите способности за читање

Истражување од Јорк Универзитетот во Канада покажа дека знаењето на два јазика на децата им овозможува предност при учењето на читање. Употребувајќи ги податоците и искуствата од едниот јазик за другиот како и нивните пошироки сфаќања за јазикот им дава предност на децата.


Можеби ќе ве интересира:


  1. Предност на пазарот за труд

Процесот за упис на студенти во универзитетите станува се поконкурентен, при што знаењето на втор или трет јазик овозможува поседување предност при аплицирањето. Во се поголемиот глобален пазар, познавањето на повеќе јазици е голема предност.

  1. Што рековте..?

Децата се уникатно усогласени со малите разлики во тон и звук, овозможувајќи им полесно имитирање акценти. Нивните осетливи уши им помагаат да го наслушнат и да ги повторат проблематичните звуци кои најчесто се проблем за постарите луѓе. Учењето друг јазик уште додека се мали, ќе им помогне на вашите деца да зборуваат јасно и со сигурност.

  1. Проширување на вашите хоризонти

Патувањето во странство и чувството на удобност кога го знаете јазикот кој се зборува во вашата дестинација ви овозможува да се чувствувате како да сте дел од културата и секојдневниот живот, а не само како посетител.

  1. Тоа беа деновите..

Кога вашите роднини оддалеку дојдат на посета (или кога ќе запознаете некого од прекуокеанските земји), можете да зборувате со нив на нивниот мајчин јазик – градејќи мост до наследството и историјата што таа личност ги претставува. Тоа е одличен начин за да ги одржувате вашите сеќавања, приказни и традиции во живот.

  1. Фамилијарно учење

Учењето јазик заедно како фамилија е нешто што може да го правите дома, додека одмарате. Почнете рано!