Македонија
 

Ќе ја спасиме ли детската игра? – За менталното здравје на нашите деца се работи!

“Способноста да се игра е еден од

главните критериуми за ментално здравје”

Низ целиот свет е зебележано една конзистентна карактеристика на детството-дека креативната игра е централна активност во животите на здравите деца. Играта им помага на децата да ги ткаат заедно сите елементи на животот од стекнатото искуство. Таа им помага на децата да учат и да ги развиват своите физички, социјални, емотивни и интелектуални способности преку тоа што го прават и зборуваат, а тоа означува дека играта е средство со кое малите деца се учат да размислуваат. Тоа е издувен вентил за плодноста на нивната креативност, со креативната игра децата цветаат и процветуваат, без неа тие страдаат од сериозен пад. Централното значење на креативната игра е добро подржан со децении на истражување. А сепак детската игра, во креативна и отворена смисла сега е сериозно загрозена. Мешавина на часови поминати на детето како седи пред екраните-телевизор, видео игра и компјутер-апсорбирање на приказни на други луѓе и имагинации, резултатот е постојано опаѓање на детската игра.

playyy

Најбитно е да се обезбеди шитрок спектар на игровни активности, посебно за децата од раѓање се до пет годишна возраст кај кои преку учење со игра се развива нивниот потенцијал. Широкиот спектар на игровни активности ќе им помогне на децата да постигнат напредок во секоја од следниве области:

  • Личниот, социјалниот и емоционалниот развој им помага на децата да развиат позитивна слика за самите себе, да развијат почит кон другите, да развијат социјални вештини, да управуват со своите чувства, со слушањето, чекањето на ред, споделувањето, следењето на упатства и да имаат доверба во своите способности.
  • Физички развој- вклучува обезбедување на можности за младите да бидат активни и интерактивни, како и да ја развијат својата координација, контрола и движење
  • Писменоста вклучува охрабрување на децата, да поврзат звуци и букви и да почнат да читат и пишуват
  • Математиката вклучува обезбедување на децата можности за развој и подобрување на нивните вештини во броењето, разбирање и користење на броевите и опишување на форми, простори и мерки.

Ако сакаме да ја спасиме играта, прво мора да ја разбереме нејзината природа. Креативната игра е како пролет која се буди длабоко во секое дете. Дали кај децата се работи за развој на физички вештини, општествени односи или конгнитивни содржини, тие пристапуваат кон животот со разигрен дух. Во детските игри не постои разлика меѓу работа и игра. Возрасните сме убедени дека ние треба да ги учиме малите деца, тоа сигурно е точно и треба да се даде пример за сите видови на активности. Но исто така треба да создадеме соодветни простор и каде што децата можат да учат, да играт и да пружиме помош кога работите одат на полошо.

Тајната да им помогнеме на помалите деца и да им го задржеме духот на учењето и креативната игра жив и активен. Важната состојка е нашата сопствена работа, за децата е природно да ги имитираат возрасните, тоа ја инспирира нивната игра. Важна пресвртница во играта е – играта на фантазијата која се јавува околу две ипол до три години. Пред тоа децата се повеќе ориентирани кон реалниот свет: своите тела, едноставни предмети од домаќинството, како садови, дрвени лажици и едноставни играчки како куќи, камиони и топки.

Бебињата имитираат она што тие го гледаат околу нив, заедничката игра на теми вклучуваат готвње, се грижат за бебето, возење на камиони, автомобили и други секојдневни настани. Овие теми се прошируваат до три годишна возраст, но сега децата се помалку зависат од реалните предмети, туку создаваат нешто од она што им е на дофат на рака, на пример садот станува брод, стапот станува риболовска трска. Четири годишниците се генерално повеќе статиционирани и тематски во нивната тема. Тие сакаат да имаат куќа во која ќе играат или која ќе им биде продавница или брод и се во фаза каде ги полнат куќите со објекти, играчки, така што се чини дека тие не можат да се движат слободно наоколу. Тоа не им смета туку тие се инспирирани од страна на предметите околу нив и се доста спонтани во нивните идеи за игра. Фантазијата на пет годишниот се карактеризира со способност да се има идеја и потоа да ја играат-да ја реализираат надвор, тие можат да играат надвор на истата тема неколку дена или недели. Децата на возраст од шест години честопати си играат надвор во ситуација без употреба на реквизити.Тие можат да изградат куќа или дворец или да седат во него и да разговараат преку нивната игра, засега тие се во можност јасно да ги видаат сликите во нивните умови.

Во сите овие фази на драмската игра детето може да си игра само или со други деца-луѓе. Сепак начинот на кој децата се вклучуваат во социјалната игра со другите се променува во текот на годиниите. На една година имат тенденција да си играт сами, додека социјалната игра за две годишниците обично се нарекува параллелна игра за младите деца да си играат рамо до рамо без целсна интеракција едни со други. Играта на три-четири годишни деца се карактеризира како партнер игра, децата уживаат играјќи си едни со други.

Отсуството на игра во детството може да има долготрајни репрекусии врз целокупниот социјален, интелектуален и емоционален развој на детето. Детстката способност да се вклучат во драматична или социо-драматична игра директно ги поврзува со богатството на вештини кои се од суштинско значење за академски успех.

Добивки од конгнитивно креативни активности се: подобра вербализација, подобро решавање на стратешките проблеми, повеќе љубопитност, повисока интелектуална надлежност, подобра соработка, редуцирана агресија, повеќе групна активност.

Добивки во социо-емоционалните активности: повеќе игра со врсници, повеќе емпатија, подобра контрола на импулсицни акции,  подобро емоционално и социјално прилагодување, повеќе иновации, фантастичност, способност на внимание.

Најважните години за учење започнуваат уште од раѓање. За време на овие рани години, луѓето се способни да апсорбираат повеќе информации отколку подоцна. Мозокот расте најбрзо во првите години. Затоа треба да се потрудиме децата да добиваат одредени видеови на стимулации за да се равиваат правилно. Со соодветна стимулација се развиваат нивните патишта кои може да ги подобри социјалните, интелектуалните и емоционалните способности на децата. Колку повеќе овие нервни врски се стимулирани во текот на овој почетен прозорец на можности, толку посилни тие стануваат. Затоа е важно секој кој има контакт со децата, вклучително и родителите, бабите, дедовците, негувателите- да обезбедат децата со допирање, љубов, зборување, пеење- креативна игра да им помогне да го развијат нивниот целосен потенцијал.

Helen Doron методологијата е базирана на совладување на материјалот и изучување на англискиот јазик преку игри, песни и креативни активности кои се интересни и забавни, но истовремено се многу сериозни и добро осмислени, внимателно испланирани и базирани на методолошки материјали.

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476