Македонија
 

Што да правите ако вашето билингвално дете не зборува на вашиот јазик

Денешното прашање: Моето дете разбира англиски, но изгледа како да не сака да зборува на англиски и одговара на неговиот мајчин јазик. Како да го охрабрам да зборува англиски?

Хелен одговара: Најпрво, не грижете се. Ова е сосема нормална реакција и ја слушам од речиси сите родители каде англискиот не е мајчин јазик на државата. Во ваква средина, нивните деца се целосно изложени на нивниот локален мајчин јазик и исто така изучуваат втор, дури и трет јазик. Нивните деца можеби учат англиски на часевите кои ги посетуваат или имаат родител што зборува англиски, член на семејството или дадилка која многу внимателно им зборува на англиски. Иако ова изложување може да поттикне и охрабри изучување на англискиот јазик, може да се случи децата да не сакаат да зборуваат на било кој друг јазик освен нивниот мајчин јазик. Тогаш, како да им помогнете на децата да зборуваат на англиски?

Потребата е мајка на иновацијата

Од моето лично искуство како родител, мојот син Бенаја секогаш одговараше на локалниот јазик, иако јас му зборував англиски нему. Одвреме навреме ќе ми преведеше. Се сеќавам кога беше 2 години, дојде откако си играше надвор во градината и ми рече, “ratuv, ratuv” што значи “влажно, влажно”. Јас го погледнав, но не можев да најдам каде беше влажен. Тој тогаш ме погледна натажено и ми преведе на англиски како јас да не разбрав. Јас знаев дека тој ме разбра, но не сакаше да зборува на англиски. Ситуацијата се смени кога патувавме во Франција со Бенаја кога беше 3 години. Тој брзо сфати дека нема да биде разбран од никого ако зборува на неговиот мајчин јазик па затоа се префрли на англиски бидејќи сакаше да комуницира. Едноставно кажано, средината налагаше тој да зборува на најпознатиот јазик што го знае тој, па тоа и го направи.


Можеби ќе ве интересира:


Инпутот е многу важен

Ако вашите деца се Helen Doron English ученици, имајте трпение и тие наскоро ќе зборуваат на англиски и надвор од часот. Ако детето е во средина каде тоа смета дека нема да биде разбран, тоа ќе се префрли на англиски, дури и кога е многу мало детето. Во друг случај, детето ќе седне во неговата комфортна зона и ќе зборува на најприродниот, најлесниот јазик што тоа го знае. Можете да го зголемите инпутот, да најдете некои англиски DVD-a и CD-a што вашите деца ги сакаат и оставете ги да уживаат да слушаат без да им вршите притисок да зборуваат. Обезбедете им што повеќе инпути за уживање и дозволете им самите со нивно темпо да го развиваат англискиот јазик.

Читајте му на вашето дете

Читајте им на вашите деца на англиски – најдете некои добри англиски сликовници кои вашите деца сакаат да ги гледаат заедно со вас и читајте ги заедно. Не можете да читате премногу! Обезбедете им матријал кој ги интересира и ги охрабрува.

Дозволете им да читат од задоволство. Ако детето е повозрасно, најдете како да го/ја поддржате и охрабрете да уживаат во читањето. Со моето најмало, тоа беше Хари Потер. На 14 годишна возраст тој не читаше ништо друго освен спортски весни, на еврејски. Па така еден ден, му ги донесов првите две Хари Потер книги, на англиски и му реков, “Јас ќе прочитам параграф на глас, потоа ти ќе прочиташ параграф, на англиски.” Тој стана и ме погледна и потоа учтивно се вклучи во читањето. По првото поглавје, ме замоли да го оставам и тој продолжи сам да чита. Првата книга водеше до втората па до третата книга и тој стана течен читач на англиски со што неговиот јазик се збогати.

Пејте многу песни

Постои толку многу добра музика за деца достапна на интернет. Посетете го Helen Doron Song Club каналот на YouTube за помалите деца или најдете тинејџерски канали со песни, како Helen Doron Radio. Има нешто многу уникатно во слушањето и пеењето песни на англиски. Песните го привлекуваат вниманието и им овозможуваат на децата да го абсорбираат јазикот што е најчесто над нивните когнитивни способности. Ќе им помогне да ја разберат културата и ќе се чувствуваат подобро штелувани на јазикот и охрабрени да зборуваат повеќе, бидејќи им се допаѓа културата.

Променете ја средината

Доколку сте во можност, отпатувајте со вашето дете во средина каде се зборува на англиски или, ако се доволно возразни, вклучете ги во програми за размена. Често, потреба или проблем охрабрува креативно решение. Кога ситуацијата ќе налага децата да зборуваат, тие ќе зборуваат. Ако се во нивната домашна средина се разбира дека понормално им е да зборуваат на нивниот мајчин јазик. Но ако се најдат во забавна ситуација и ако веруваат во културната супериорност на јазикот и чувствуваат дека прават нешто што вреди, тие ќе бидат мотивирани да зборуваат.. Тоа и ќе го направат.

Учењето втор јазик треба да биде позитивно искуство. Имајте на ум дека ова не е трка. Ако ги изложувате вашите деца на англиски јазик редовно, на забавни начини, тие ќе имаат успех како што напредува нивното учење на јазикот. Можете да им помогнете додека учат, да разберете што им треба и да ги охрабрите.


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.