Македонија
 

Шест причини зошто традиционалните методи на предавање не успеваат

sixreasons2

Се повеќе, важноста од втор јазик е добро разбрана и поддржана во училишните распореди. Во многу држави, децата почнуваат да учат англиски на осум годишна возраст. Задолжителните тестирања при различните етапи кон крајот на средното училиште (шеста форма) вклучуваат тестови за разбирање и составуање на англиски. Обезбедување место на факултет  за студирање било што, а да не спомнуваме наука, технологија или медицина, на универзитетско ниво е многу тешко без адекватно знаење англиски јазик. Овој систем не ја истакнува важноста на англискиот јазик. Иронично, предавањето англиски (или било кој друг втор јазик) во вакви училници е осудено на пропаст. Еве зошто.

Прва Причина:

Од учениците се очекува да ги совладат сите аспекти на јазикот истовремено. Наместо прво да се абсорбираат звуците на јазикот, како што бебето го впива својот мајчин јазик, од десет годишните деца се очекува да слушат звуци, да гледаат симболи (букви) кои може да се од целосно различна азбука, да научат апстрактни граматички правила кои се контра-интуитивни и збунувачки и треба некако да жонглираат со сите овие различни мозочни активности во исто време. Слушањето, разбирањето, читањето, пишувањето и оралната репродукција на овие нови и страни звуци се целосно различни вештини.

Важно е децата најпрво да го наштелуваат својот слух за јазикот (преку слушање), потоа да зборуваат и дури потоа да читаат и пишуваат. Ова е природната прогресија на нештата кога станува збор за мајчиниот јазик. Ова треба да биде и редоследот на учење и на вториот, третиот и четвртиот јазик.

Втора причина:

Учениците не добиваат доволно време за индивидуално зборување. Учењето на зборување на одреден јазик вклучува софистицирано и суптилно взаемно дејство на вокализацијата и слушањето. Ние се слушаме самите себеси и ги адаптираме нашите напори постојано. Во повеќето ситуации во училница, од учениците се бара да повторуваат и рецитираат во групи – со што е потешко учителот да го слушне гласот на одделни ученици, но и уште поштетно, вака е многу тешко за ученикот да го слушне неговиот или нејзиниот глас. Еден-на-еден разговарањето е сведено на минимум. Често се случува мала група на “ѕвезди” ученици да доминираат со времето за индивидуално зборување. Срамежливите и несигурните ученици одат во позадина и можат да поминат години од класеви без да имаат шанса да се слушнат себеси како зборуваат англиски.


Можеби ќе ве интересира:


Трета Причина:

Учениците не добиваат доволно директни повратни информации. Во типичната училница со 30 до 40 ученици, учителите немаат доволно време да работат еден-на-еден; од учениците се очекува да повтараат во групи, овозможувајќи оние кои се вербално послаби да поминат незабележани. Дури и во поскапите училишни системи со напредни лаборатории за јазик и мултимедиа тренинзи, учениците може да работат без учител диретно да го надгледува нивниот напредок.

“Во често безличната атмосфера на преполните училници, многу ученици може да поминат години од класови за јазик без да постигнат и минимално ниво на елоквентност.”

Четврта Причина:

Изговорот страда. Недостатокот на учители кои англискиот им е мајчин јазик често значи дека примерот на учителот кој учениците треба да го следат е со пропусти од самиот почеток. Во многу држави, англискиот може да биде предаван од страна на учители на кои англискиот не им е мајчин јазик. Нивниот тврд англиски акцент ни малку не им помага на учениците да го совладаат точниот изговор.

Петта Причина:

Спречувањето води до неуспех. Повеќе од било кој друг субјект, повозрасните ученици е поверојатно да се срамежливи или дури уплашени да зборуваат во училницата. Заради тоа што тестовите на пишување ставаат акцент на разбирање на читање и пишувачките вештини кај учениците, училишните системи низ светот создава матуранти кои знаат да читат англиски на ниво на средно училиште (или подобро), но не можат да побараат насоки или да нарачат во ресторан.

Стравот од искажување не е уникатен за чесевите по јазик, но е многу повоочлив кај нив од било кој друг предмет. Повторувачкиот неуспех да се изврти јазикот околу заплеткан, странски звук, или да се погоди вокабуларот со точната синтакса, е причината за многу ученици да развијат аверзија за часевите по јазик.

Шеста причина:

Традиционалниот образовен модел се фокусира на исправки. Западното образование става голем акцент на механичката меморизација. Успехот на ученикот често зависи од способноста да изрецитира факти. Повратните информации често се лимитирани на исправка; односно, истакнување што е погрешно во домашната задача или на тестот. Со акцентот на пронаоѓање грешки, учениците кои учат јазик (освен што имаат страв од искажување) се условени да се плашат од исправки секој пат кога ќе отворат уста.

Овие шест причини заедно работат против учењето успешни, елоквентните јазични вештини. Доказот е во пудингот. Медиокритетните резултати за англискиот јазик во многу земји го изразуваат фундаменталниот неуспех на овој традиционален образовен метод за предавање втори јазици.

Лекот е поедноставен отколку што мислите. Научете повеќе како вашето дете може да зборува англиски како втор јазик на www.helendoron.mk