Македонија
 

Честитки за нашата прва генерација BBS

3
Курсот Baby’s Best Start од секогаш ни беше огромен предизвик, бидејќи е наменет за најмалите т.е за бебиња од 3 месеци до една година.

Минатата година во февруари конечно во нашиот центар добивме можност да го презентираме и ја оформивме првата група од шест ученици, во која најмалиот ученик имаше само 7 месеци. Часовите беа прекрасни. Baby’s Best Start претставува 7 курсеви во едно: англиски јазик, социјализација, вештини кои му претходат на читањето, музика и ритам, ментален развој, бебешки јазик и физички развој.

Гледавме како растат дечињата растат, учат, се социјализираат, развиваат. Мајките кои доаѓаа со нив подеднакво уживаа во часовите додека гледаа како нивните дечиња напреедуваат. И конечно во февруари ги доделивме првите дипломи на нашите најмали. А од овој месец тие ја продолжија дружбата со змејот Диди и неговите пријатели.
Честитки драги ученици за вас и вашите родители кои веруваат во нашиот метод!