Македонија
 

Хуманитарен Велигденски базар

12961708_1092655310797547_5865535679488227892_n
Секоја година Хелен Дорон Центар организира пригодни настани за одбележување на празникот Велигден. Работилници, игри, пикник….Но оваа година решивме да направиме нешто поразлично.

Со цел да ги научиме дечињата и на поинакви вредности – споделување, помош, хуманост го организираме првиот хуманитарен Велигденски базар.
На базарот можат да учествуваат сите наши ученици, но и нивните браќа, сестри, другарчиња, родители…. Се‘ што е потребно е да изработат ракотворби по свој избор и да ги донесат кај нас во училиштето до 20 април. При тоа за изработка на овие ракотворби инсистираме да користат евтини материјали, особено оние кои можат да се рециклираат, со што ќе научат како да се искористуваат повторно материјалите и како се заштитува природната средина.
Донесените ракотворби ќе бидат изложени во нашиот Центар неколку дена и ќе се продаваат по симболична цена, а собраните пари ќе се донираат во хуманитарна цел, односно за братче и сестриче од Куманово кои боледуваат од цироза на црн дроб и имаат потреба од финансиска помош за лекување, која нивната самохрана мајка не може да ја обезбеди од својата скромна плата.