fbpx
 
 
Македонија
 

Хелен Дорон е повеќе од изучување англиски јазик

И во прошетка со омиленото ранче од Хелен Дорон

Нејзиниот инстаграм профил ги освојува симпатитие на сите со интересните креативни фотографии кои ги прават со мајка ѝ. Со “фустанчиња“ од овошје, зеленчук, реплики на познати светски ѕвезди, се фотографиите кои воодушевуваат и расположуваат. А меѓу нив се и креативните фотографии направени во училишниот центар Хелен Дорон Центар, Скопје, каде веќе четири години е ученичка. Хелен Дорон приказната на таинствената мала инстаграм ѕвезда, позната под псевдонимот Sparkly daughter, започна кога таа имаше само две и пол години.

Слободноро време со мама најмногу го користат за креативни работилници и забава

– Барав решение за двеипол годишно дете кое тогаш не одеше во градинка, а секоја мајка знае како изгледа да се има дете на таа возраст- постојано истражуваат, активни се повеќе од било кога, се трудат да го усовршат говорот, а сепак се многу малечки за да можеш да ги запишеш на некоја активност соодветна за нивната возраст. Препораката ја добив од мајка чие дете започнало да оди во Хелен Дорон училиште, исто на таа возраст, а подоцна тоа се покажало клучно за детето при социјализација во градинка.  Додека по започнување на основно училиште, детето имало голема леснотија при изучувањето на англискиот јазик, воедно и во совладување на материјалот по другите училишни предмети – вели нејзината мајка и додава дека иако кога доаѓале на демо час очекувала дека тоа ќе помине со нервоза и одбивање да се седи на часот, сепак атмосферата била поинаква.

Читање и пишување на англиски јазик без мака се учи од Хелен Дорон книгите

– Пресуден момент да ја запишам беше демо часот каде, искрено, отидов со огромен страв и очекував да биде плачки цело време. Но, демо часот помина повеќе од одлично, дечињата супер ја прифатија новата средина и teacher, a плачките почнаа кога тргнавме накај дома, со прашања кога ќе дојдеме пак. Тогаш знаев дека сум ја донесла вистинската одлука.
Со оглед дека започнале на двеипол години, имало реакции од средината, дека е прерано да се почне со учење втор јазик толку рано, но позитивното искуство од одењето во Хелен Дорон, се покажало како добар избор.
 

Креативност без граници

– Моето очекување не беше детето да почне течно да зборува англиски јазик на толку мала возраст. Но социјализацијата, методот на работа, начинот на кој се одвива наставата преку едукативни игри, песните кои ги слушаше на училиште и дома, многу придонесоа за подобар развој на мотортиката, координацијата, како и целокупниот когнитивен развој. А дополнителен плус беше што се роди љубов за изучување на јазикот како мајчин, на едноставен и лесен начин – вели мајката и додава дека откако почнала да оди на училиште, бенефитот од посетувањето на Хелен Дорон од најрана возраст се докажал уште еднаш:

Kejти Пери како инспирација

– Таа многу лесно ги помни работите кои ги учи на училиште, нема проблем во комуникацијата со другите деца бидејќи има голема самодоверба, има одлично развиена меморија и логика, а тоа го забележувам кога играме дома едукативни игри или кога игра во Кенги клубот од Хелен Дорон (секако дозирано во препорачаните 10-15 минути дневно), колку брзо ги решава задачите и колку е понапред за својата возраст. Затоа од срце им го препорачувам на сите мои пријатели и познаници.

Во викендите музицираат со тато, а на реперотар се и песничките од Helen Doron English

За Спаркли одењето во Хелен Дорон Центар е повеќе од одење во училиште за англиски јазик, бидејќи овде има другарчиња со кои дружбата продолжува и по наставата, а креативноста од часовите ја користи и дома кога со мајка ѝ се препуштаат на имагинацијата и создаваат свои уметнички креации.
Слободното време го поминуваат во долги семејни прошетки во природа, возење ролерки или лизгање на мраз, додека викендите им се задолжителни за долги утрински гушкања и музицирање со тато.