Македонија
 

Хелен Дорон го збогатува животот на децата со посебни потреби

linkЕдукацијата по Helen Doron English меотдологијата е од корист за сите деца, дури и за оние кои имаат проблеми со учењето и посебни потреби.

Развиена од научникот по лингвистика Хелен Дорон и поддржана од мултидисциплинарен тим, веќе повеќе од 30 години, единствената методологија на Хелен Дорон го подобрува учењето на јазик кај децата со посебни потреби.

Хелен Дорон методот е развиен да ги учи децата од сите возрасти на англиски јазик како странски јазик, во една забавна и опуштена средина без стресови. На истиот тој начин, многу лесно и по природен пат децата го учат и нивниот мајчин јазик. Всушност, повеќето од 130 000 деца кои учат со Хелен Дорон методот, секоја година тврдат дека тоа во што тие најмногу уживаат за време на Хелен Дорон часовите по англиски јазик се музиката и игрите кои ги играат. Нивните родители се исто така воодушевени од тоа колко лесно и без многу напори нивните децат учат како да зборуваат на англиски јазик.

“Низ годините што минуваа ние согледавме дека нашите часови се корисни и за децата со најразлични физички и ментални недостатоци. За мене ова беше едно посебно, пријатно откритие,” изјавува Госпоѓа Дорон, основач и главен извршен директор на Хелен Дорон.” И кога ќе помислите на тоа, навистина има смисла. Сите деца имаат исти основни потреби како потребата за љубов и грижа, потребата за раст и развој, потребата за социјална интеракција и прифатеност, потребата за постигнување успех.” Кога едно дете го учи англискиот јазик, чувството за постигнување успех има длабоко влијание врз неговата благосостојба.”

Многу од Хелен Дорон учителите по англиски јазик ни соопштија дека работеле со деца кои имаат потешкотии во учењето- деца кои секогаш се гледале самите себе како ‘поразлични’ од оние околу нив и на кои им било овозможено да учат во еден свет полн со различни култури и норми каде секој може да биде различен и ценет. Некои од нив ни рекоа како методологијата на Хелен Дорон го подобрува животот на децата, правејќи ги да се чувствуваат многу покомпетентни и успешни во и надвор од училницата.

Истражувањата покажуваат дека билингвализмот, па дури и делумниот билингвализам имаат мноштво на корисни ефекти врз развојот и функцијата на мозокот . При учењето на повеќе јазици, најважно да се запомни е дека сите деца, без обѕир на способноста, имаат потенцијал да научат повеќе од еден јазик. Децата кои уште од своето раѓање или во раното детство се изложени на повеќе јазици, поверојатно е да станат двојазични говорници. Овие деца поседуваат зголемена способност за комуникација со повеќе луѓе, а истото важи и за децата со посебни потреби.

HDE_HMW_blog

Најдобар пример за тоа е Габриел, 7 годишно дете од Мексико, чија мајка со целиот свој ентузијазам ни раскажува како Хелен Дорон часовите по англиски јазик, односно програмата “Jump with Joey” му помогнаа на нејзиниот син, “Габриел не учи на истиот начин како и другите деца но Хелен Дорон часовите многу му помогнаа. Тој беше многу возбуден и среќен поради шансата што му се пружи за учество во кампањата за спасување на орангутаните ‘Hello my world !’. Неговото видео достигна 82,000 гласови што кај него предизвика да се чувствува многу задоволен од самиот себе. Аутистичните деца се често малтретирани и исмејувани но јас верувам дека бариери постојат единствено во нашиот ум.”

Кликнете на следниов линк за да го слушнете интервјутона Хелен Дорон радиото, со мајката на Габриел.

[embedyt] http://www.youtube.com/watch?v=K4AMJTmOevo[/embedyt]

 

Тихана Узелац, Хелен Дорон учител и франшизер од Загреб, Хрватска, ни раскажа, “ Децата со посебни потреби, покрај предизвиците со кои се соочуваат секојдневно, често пати се соочуваат и со проблемот на миниманизирање од страна на општеството. Родителите на децата со посебни потреби често ни се заблагодаруваат што на нивните деца им ги отвараме вратите на Хелен Дорон и им ја овозможуваме шансата да учат, кога другите не им го дозволиле тоа. Учењето во мали групи и средината во која децата постојано се стимулираат, е тоа што нашите ученици најмногу го ценат. Структурата на часовите, мноштвото од различни активности кои им овозможуваат на децата да го покажат целото свое знаење и способности, како и многуте забавни игри резултираат со тоа секое дете да се чувстува удобно и да ужива во часот.И покрај тоа што повеќето родители на децата со посебни потреби првенствено доаѓаат овде со цел да се подобрат социјалните вештини на детето, на крајот сите родители се позитивно изненадени од напредокот кој нивните деца го постигнуваат со англискиот јазик. Иако работата во групи со деца со посебни потреби бара некои други прилагодувања, за нас тоа претставува еден предизвик и шанса да научиме нешто ново како и да станеме подобри учители, а со тоа и подобри луѓе. ”

Снежана Јавурек, Хелен Дорон учител од Велика Горица, Хрватска, додаде, “Според нашето искуство, децата со посебни потреби можат да се стекнат со многу придобивки од Хелен Дорон методот.

Благодарение на среќната и релаксирачка атмосфера во нашето училиште, присуството на часовите за децата не претставува здодевна и заморна работа која треба да се изврши па затоа тие не искажуваат и никаква одбивност спрема учењето.Со текот на времето, децата кои прво не беа заинтересирани да учествуваат, започнаа да искажуваат интерес кон активностите на часот исто како и другите ученици во групата. Игрите и вежбите кои ги правиме за време на часот бараат подеднакво толку интеракција од децата, што всушност им помага да ги развијат нивните емоционални и социјални вештини. Децата учат како да комуницираат помеѓу себе, соработуваат, се консултираат, прифаќаат нови членови во групата, го почитуваат мислењето на другите, како да се справат со определени емоции ( среќа, како резултат на победа во некоја игра, бес и/или разочарување, како резултат на пораз во некоја игра). Активностите на часот бргу се менуваат со што преку целото време се задржува фокусот на учениците. За време на часовите, ние редовно ги применуваме кинестетичките активности при што на децата им се пружи шанса ‘да ја исфрлат негативната енергија’ односно ја задоволат потребата за раздвижување, така задржувајќи го нивното внимание. На крајот на краиштата, тоа го потпомага усвојувањето на знаењето.

Кога децата се чувствуваат релаксирано и згрижено, тие се желни да го употребуваат англискиот јазик. Иако на почетокот само повторуваат одредени зборови/фрази/реченици, со малку охрабрување од учителот, децата прават напор да ги изразат своите мисли и креираат свои сопствени реченици.”

 

Леjор, Хелен Дорон учител од Израел, неодамна имаше слично искуство со група на деца со посебни потреби и курсот “Botty the Robot”. “Ова беше едно прекрасно искуство. Децата се трудеа со целиот свој ентузијазам да научат англиски јазик, беа желни за работа и да научат се што имав да ги научам. Секоја недела доаѓаа возбудени и со желба да учествуваат во часот, а исто така и многу време поминуваа вежбајќи дома. Тие уживаа во целиот концепт на часот; играењето игри, пеењето песни, натпреварувањата во групи, работењето во книгите и сл. Ним никогаш не им беше здодевно, секогаш беа ангажирани во сите активности, работејќи сериозно и вредно се со цел да успеат.“

Јазикот им овозможува на поединците да се ангажираат социјално, најпрво во своите фамилии а подоцна и во поширока мрежа на односи и културни искуства.

Ваквите искуства го развиваат чувството на припадност и ја зголемуваат општата благосостојба. Јазикот им овозможува на децата да ги изразат своите чувства, идеи и грижи. Ова е подеднакво важно и за децата со потешкотии во учењето за кои учењето на дополнителен јазик претставува голема предност бидејќи на тој начин тие можат подобро да комуницираат и да го пронајдат своето место во светот, а Хелен Дорон методот го прави учењето на англиски возможно за сите.