Македонија
 

УЧЕЊЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН ПРЕКУ СПИРАЛЕН МЕТОД – ДЕЛ 2

Helen_BLOG3

Хелен, ајде да го продолжиме нашиот разговор за разните елементи кои придонесуваат за успехот на методологијата на Хелен Дорон; што е тоа што го прави методот да функционира?

Постојат многу различни компоненти кои што придонесуваат за успехот на методологијата. Спиралното учење е важнен сегмент од нашата методологија што придонесува за успех. Спиралното учење е релативно нов концепт во образованието. Наместо  да се совладува целата тематика одеднаш, со спиралното учење се изучува поимот постепено и повторливo, зацврстувајќи ги поимите со текот на времето. Идејата е секогаш кога ученикот се среќава со темата; ученикот го проширува своето знаење или напредува во развојот на одредена вештина.Тоа е многу природен процес.

spiral

Ќе споделам една интересна анегдота со вас: Имав две годишно дете кое доаѓаше на еден од моите часови каде повеќе беа четири годишни деца. Во раните години го немавме тоа изобилие од материјали за учење што го имаме сега и имавме најразлични возрасти во една училница. Денес сме многу поконкретни. Тоа дете беше тоа што денеска би го нарекле хипреативно и цело време тој го трошеше шетајќи низ училницата движејќи се и правејќи звуци на авион. Кога ги учев нов поим тој ќе застанеше, авионот ќе слеташе на земјата и тој ќе седнеше хипнотизиран и веднаш прифаќа се. Кога ќе завршев со новите материјали тој ќе станеше и се враќаше повторно на летање околу целиот клас. Тој знаеше кој е новиот материјал, тоа беше апсолутно јасно.

Спиралниот метод е многу подобар од методот на совладување. Кога учете метод на совладување, дури и ако е преку различни и забавни активности, материјалот не е нов и тоа не ги стимулира децата на начин на кој новата информација го прави тоа. Децата сакат да учат нови поими. Ним им е добро со тоа да не ги совладат целосно сите информации уште од почетокот.Тие не чувствуваат дека треба да ја знаат информацијата целосно пред да продолжат и учат нешто друго. Со спиралното учење, кога учениците се враќаат на информацијата следниот месец или година, ќе ја научат во нов и различен контекст. Тие ќе научат различни нијанси од концептот и ќе се здобијат со побогато разбирање на јазикот.

Како на пример, што означува зборот “train”? За детенце, зборот едноставно упатува на “чуу-чуу воз”, но како детето расте и учи, зборот добива додатни значења и што би можело да дојде на ум e долга заднина од свадбена наметка “wedding dress train”. Зборот “train” исто може да се користи како глагол- да поучуваш или тренираш некој “to train someone”. Исто така има концепт на нишка на размислување “train of thought” и така натаму… Па така, со секоја етапа на развивање, кога детето го учи зборот “train” во различен контекст, тоа разбира дека значењето може да има многу различни варијации.


Ако спиралното учење е природен начин на учење зошто тогаш методот на совладување се користи толку многу?

Вистината е дека многу учители и родители го преферираат методот на совладување. Тие веруваат дека правиот начин е да го учат детето додека тој целосно не знае, што и да е и ќе го учат повторно и повторно преку различни активности и различни пристапи но не продолжуваат се додека не го научат. Реалноста е, детето нема да се сеќава на се што го научиле и често ќе заборава многу од тоа што учело кога информацијата е натрупена во него.

Вистина е дека методот на совладување може да биде многу полесен за предавање и работење. Со методот на спирално учење, вие морате вистински да го испланирате наставниот план и треба да знаете каде одите и планирате однапред за различните етапи во кои поимот е прикажен. Многу од учителите немаат така добро подготвени наставни програми. Кога децата ќе почнат да учат со програмата на Хелен Дорон ние знаеме точно што тие ќе учат на три месечна возраст, следната недела, следниот месец, на една година, пет години, дури и на петнаесет години. Ние имаме многу цврста наставна програма изградена на спирално учење. Имам работено со експерти за образование и развој на деца за да создадам методски и испитан наставен план. Убавината на тоа е што децата не ги знаат овие техникалии, само се забавуваат додека учат. Така, додека тој начин на предавање е попредизвикувачки поради размислувањето и потребата од планирање, верувам дека тој природен начин на учење нуди поголемо задоволство.

Постои една стара приказна каде учител ја напушта училницата и доаѓа во собата за учители. Кога беше прашан од друг учител, што научи твојот клас денеска, тој одговорил “Знам што ги учев но не знам што научија”. Тажно е, но така се изучува поголемиот дел од образованието насекаде по светот. Не е правилно, но родителите ќе ги запишат во паралелка од тој тип затоа што на тој начин тие учеле и во нивните умови тоа е правилниот начин. Не е логички во умовите на децата дури и ако за родителите е. Детето нема да ужива, а родителот можеби и нема да препознае дека така детето не учи природно. Тие треба да ја прифатат идејата дека детето ќе научи и ќе ја запамети информацијата. Мора да им дозволиме на умовите на малите деца да растат и да се развиваат смело и да не се грижат за тоа точно колку знаат, но да се радуваат со самиот процес на учење.

Ве покануваме на бесплатен ДЕМО час заедно со вашето дете за да се запознаете одблиску со Helen Doron English методот. Закажете термин ви училишниот центар најблиску до вас:

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – ‎078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476