Македонија
 

Учењето јазици од мала возраст го подобрува изговорот

1
Стручњаците од универзитетот Халифа (Израел) дојдоа до заклучок дека лицата на кои рускиот им е мајчин јазик потечно зборуваат еврејски, отколку оние на кои тој им е мајчин јазик. Според овие стручњаци, не е вистина дека учењето повеќе јазици ги збунува луѓето и дека знаењето еден јазик,лошо влијае на знаењето друг јазик.

Тие откриле дека лицата кои знаат два јазика, полесно учат и трет јазик, па на тој начин го зголемуваат својот коефициент на интелегенција. Исто така дошле до откритие дека лицата накои рускиот јазик им е мајчин, потечно зборуваат еврејски, отколку оние на коитој јазик им е мајчин.

„Учењето и чувањето намајчиниот јазик не исклучува учење на уште еден јазик“ тврдат проф. Салим Абу Рабија и Ектарина Саницки, од одделението за посебна едукација. Напротив, овие научници утврдиле дека учењето руски го подобрува знаењето од еврејски и дека течноста на говорот на овие јазици, ја подобрува способноста за учење англиски јазик.

Нивната студија го анализирала влијанието на знаењето два јазици на учењето трет јазик. Тие дошле до заклучок дека споредено со децата кои знаат само еден јазик, децата кои знаат еврејски и руски, полесно учат англиски.

Според нивните сознанија знаењето повеќе јазици го подобрува и знаењето по мајчин јазик, бидејќи знаењето повеќе јазици ги подобрува општите јазични способности кои се темел заучење на читањето. Според учењето на самиот јазик, владеењето со јазикот дава важна когнитивна способност, која подоцна го олеснува учењето како такво. Абу Рабија тврди дека е добро да се почне со учење други јазици што порано.

Тие анализирале две групи од машки и женски деца, од шесто одделение, кои учеле англиски како странски јазик. Едната група се состоела од 40 деца, во која сите биле деца мигрирани од некогашниот Советски сојуз. Нивниот мајчин јазик бил руски, додека еврејски научиле подоцна. Другата група се состоела од 42 деца, чиј мајчин јазик бил еврејски, а англискиот го научиле како прв странски јазик во школо.

Научниците ги набљудувале групите одделно и заедно. Во групните анализи се набљудувало читањето и познавањето правила за пишување кај секој јазик, по што секој ученик пополнувал анкета со прашања. Во индивидуалните анализи сите ученици ги решавале тестовите на еврејски и англиски јазик, па оние кои имале руски мајчин јазик, го решавале истиот тест и на руски јазик.

По споредување на резултатите дојдено е до заклучок дека децата кои имале руски мајчин јазик, многу подобровладеат со англискиот, но и еврејскиот јазик, кој не им бил прв јазик кој го учеле. Во писмените задачи биле за 20% подобри, а во тестирањето морфолошко знаење 35% подобри од учениците, на кои еврејскиот им е мајчин јазик.

Испитаниците кои имале руски мајчин јазик, имале ист коефициент на интелегенција како и оние кои имале еверјски како мајчин јазик, додека по почетокот на учењето англиски јазик имале во просек 7% поголем коефициент на интелегенција. Со тоа научниците потврдиле дека знаењето повеќе јазици го зголемува коефициентот на интелгенција.