fbpx
 
 
Македонија
 

Учењето на странски јазик интезивно го развива мозокот, го зголемува интелектуалното ниво – ЈАЗИЧНАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА на детето

Разговаравме со Дијана Гиноска, познат дефектолог во Охрид, мајка на 3 деца.

  1. Зошто и како се одлучивте да ја запишете Вашата ќерка во Хелен Дорон?

За програмата на Хелен Дорон се информирав во еден непосреден разговор со мојата блиска пријателка чие дете исто така го посетувало школото, истакнувајќи ми дека е посебен и оригинален начин на кои децата го усвојуваат англискиот јазик и дека има навистина брз и прогресивен ефект. Споделувајќи ја ова информација со сопругот, одлучивме да се увериме во истото и да му овозможиме на нашето дете да го развива својот јазичен потенцијал.

  • Што мисли Вашата ќерка за Хелен Дорон?

По посетата на првиот пробен час во просторите на Хелен Дорон училиште се роди голема желба и интерес за изучување на англиски јазик. Ангелина е многу задоволна, радосна и исполнета преку активностите кои оваа програма го овозможува.

  • На кои полиња го увидовте нејзиниот напредок?

После одреден временски период увидовме дека девојчето  полека развива и усовршува: перцепција, добра кординација око-рака, интезивен развој на графомоторни активности, вербално продуцирање на англискиот јазик, добар и точен граматички превод од англиски на македонски јазик и обратно, развој на социјалните способности ,рано учење да биде тимски играч како и низа на други когнитивни и социјални вештини.

  • Учење нов јазик како одлична вежба за мозокот. Како влијае и врз останатите сфери?

Пред сѐ учењето на странски јазик во голема мера интезивно го развива мозокот, го зголемува интелектуалното ниво – ЈАЗИЧНАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА на самото дете подготвувајќи го за новонастанати ситуации со кои ќе се соочува во иднина. Во овој домен сакам да истакнам дека после две години активно изучување на англиски јазик нашата ќеркичка на тестирањето за упис во прво одделение покажа дека се работи за Интелектуално високо развиено дете кое со своите ментални способности одговара за ученик за трето одделение. Голема заслуга за ваквиот исход е токму Хелен Дорон програмата кои сестрано развиваше повеќе когнитивни подрачја. И после четири месеци на училиште таа со голема леснотија ги усвојува наставните содржини токму благодарејки на сето она што Хелен Дорон ни го овозможува.

  • Како дефектолог, а и пред се како родител кој неуморно се залага за правилен детски раст и развој, што ги советувате останатите родители?

Пред сѐ врз моето тригодишно искуство сакам топло да им препорачам на родителите час поскоро да им овозможат на своите дечиња да го изучуваат англискиот јазик бидејќи овој метод го надополнува оптималниот раст и развој на детето давајќи му можност да го развие својот полн потенцијал. Раниот раст и развој сѐ пред се условени од стимулативните програми како што е Хелен Дорон.

Закажете бесплатен ДЕМО час и заедно со вашето дете запознајте се уникатноста на Хелен Дорон методологијата.
Пријавете се во Хелен Дорон училишниот центар најблиску до вас:

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Veles – 075 300 304
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242476
Helen Doron Kocani – 071 314 499