Македонија
 

Успешно реализиран велигденскиот хуманитарен базар во Хелен Дорон Центрите во Македонија

Уште еднаш се покажа на дело дека децата знаат со љубов да даруваат и помагаат каде што е потребно, а ние од Хелен Дорон Македонија сме горди на сите ученици и вработени од нашите 12  Хелен Дорон училишни центри кои ја поддржаа акцијата за помош на Сара Ѓорѓиевска

bazar

 

Она кое почна како идеја за добри дела со кои ќе помогнеме на децата кои имаат потреба од помош, полека прераснува во традиција и секоја година е помасовна.
Годинава Хуманитарниот Велигденски базар се организираше во сите 12 Хелен Дорон центри низ Македонија. Учество зедоа сите ученици, нивните родители и секако вработените  во центрите.
Детските креации воодушевуваа со уникатноста, идејата и начинот на изработка. Пролетни, празнични и креации инспирирани од ликовите од Хелен Дорон книгите, ги наполнија нашите центри. Забележливо беше и дека се побарала помош од баби, тетки, соседки кои вредно плетеле кошнички и капчиња за јајца. Но најголема гордост беше носењето на изработките кои беа наменети за хумана цел.
Интересна беше детската досетливост како побрзо да се купи она кое им се допаднало, па се правеа планови со родителите кога ќе почне продажбата да се биде прв на местото од настанот за да не им се продаде омилената изработка.
Конечно после две недели беше завршен базарот, а собраните средства 2000 евра во денарска противвредност се донирани за лекување на Сара Ѓорѓиевска.
Голема благодарност до сите наши ученици, нивни родители и семејства кои ја поддржаа акцијата и до Здружението на граѓани Родители и деца- РИД кои ја поддржаа акцијата во организирањето и со своја донација.