Македонија
 

УСПЕШНА ПРИКАЗНА! Инвестирајте во иднината на вашите деца

111111

Маја Шапковска е сопственичка на Металопромет и Хотел Сириус, Струмица каде потребата од англискот јазик е секојдневна, особено заради тоа што 90% од производството на нејзината компанија е наменето за странските пазари ширум Европа. Двете нејзини ќерки, Марија (9) и Елена (6) се дел од Helen Doron програмите веќе 4 години, уште од самиот почеток на училиштето.

Токму поради се поголемата примена на англискиот јазик во сите сфери на животот, таа ја согледала потребата од познавањето на англискиот јазик и тоа на ниво на мајчин јазик. Таа предност и ја овозможиле нејзините родители кои навремено ја процениле важноста од знаењето англиски јазик и инсистирале со изучување на јазикот од нејзината најрана возраст.

“Учењето англиски јазик од најмала возраст сметам дека е сосема нормална работа. Не можам да се сетам на ниедна причина тоа да не биде така ,  напротив,  бенефитот е многу голем “ – вели Маја. Освен развивањето на говорните способности, се зголемува и самодовербата, а исто така се прошируваат хоризонтите на детото, смета Маја.

1212

Нејзините две ќерки, Марија и Елена веќе 4 години го изучуваат англискиот јазик во Helen Doron, при што преку игра и дружење со леснотија ја совладаа програмата и почнаа во своето секојдневие најнормално да го користат англискиот јазик, што било вистинско изненадување за Маја. “Резултатите од програмата беа видливи уште на самиот почеток. Правилно изговарање и акцентирање на зборовите, широк фонд на зборови, користење на изрази и фрази, и што е најважно сето тоа граматички точно” вели таа.

При секое патување во странство, познавањето на англискиот јазик на Марија и Елена доаѓа до израз. Тие без тешкотии разговараат со другите луѓе од други говорни подрачја. “Чувството на еден родител кога го гледа своето дете како без проблем е дел од нормалната цивилизација, а не изолирана единка, е тоа е непроценливо”.

“За ефикасноста на Helen Doron методите е доказ секојдневната примена на англискиот јазик на моите деца. Најпрвин ме привлекува начинот на учење , преку игра, песна, креативни тимски работилници , без стрес и притисок дека  нешто мора да се научи за оцена до одреден рок.” Самите деца не гледаат на учењето како во училиште, туку како забавно место каде може да се учат нови работи, вели Маја.

Гордата мајка има порака до другите родители, “Од мое искуство можам да потврдам дека ова е најважната инвестиција која досега ја имаме  направено за нашите  деца, а бенефитот е неизмерен . Затоа родители, инвестирајте во знаењето на Вашите деца и целосно верувајте му на HELEN DORON методот. Нема да згрешите.”