fbpx
 
 
Македонија
 

Тинејџерите сакаат креативно и забавно учење

Ако имате дома тинејџер сигурно поминувате низ најтешката фаза со секојдневни проблеми. Можеби ви се чини дека сте единствените, но, за миг замижете и сетете се на времето кога вие бевте тинејџер. Нели тогаш сè ви се чинеше премногу комплицирано? Имаше тешки училишни лекции, проблеми со пријателите, семејството, љубовта, загриженоста за промените на телото и сè друго што му се чини важно на еден тинејџер.
Низ истото минува и вашиот бунтовен тинејџер.


Е сега замислете си, сте избрале да учите во средно училиште (или да студирате) на англиски јазик, што значи ќе ви е потребно совршено познавање на овој странски јазик, а тоа бара многу работа и посветено учење.
Дополнителен стрес, нели?


Но не значи дека мора така да биде. Со тинејџерите на часовите знае да биде тешко и откачено, поради што е многу важно наставниците да ги направат часовите интересени, забавни и интерактивни. Така за учениците изучувањето на англискиот јазик нема да биде дополнителен стрес во животот.
Тоа може да се постигне ако часовите се одвиваат во мали групи, во кои учениците ќе се чувствуваат опуштено и слободно ќе можат да комуницираат со наставникот.
На часовите треба да има многу забавни активности, односно едукативни игри, кои ќе ги поттикнат да учествуваат во нив, а истовремено и неосетно да го совладуваат новиот материјал.
Музиката е неизоставен дел од животот на тинејџерите, па нејзиното вклучување во часовите е повеќе од добредојдено.
Ако учениците се подготвуваат за тест по англиски јазик, помогнете им да го поминат материјалот кој е предвиден за тестот.

Часовите се одвиваат во мали групи до осум ученици, два пати неделно по еден саат.
Наставата е интерактивна, креативна, со уникатни песни, едукативни игри. Се учи од лиценцирани високо квалитетни материјали, специјално изработени за нашиот метод од страна на стручни лица од областа на педагогијата, линглвистиката и психологијата. Учениците совладуваат богат вокабулар, а воедно се гради енциклопедиското знаење на англиски јазик.


Тинејџерите имаат можност за дружење со своите врсници од други Хелен Дорон центри низ светот, преку нашата програма e-pall, како и преку Хелен Дорон радио кое секојдневно се емитува онлајн.

Овозможете му на својот тинејџер лесно и забавно изучување на англискиот јазик, затоа што тој тоа го заслужува.

Закажете бесплатен ДЕМО час и заедно со вашето дете запознајте се уникатноста на Хелен Дорон методологијата.
Пријавете се во Хелен Дорон училишниот центар најблиску до вас:

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Veles – 075 300 304
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242476
Helen Doron Kocani – 071 314 499