Македонија
 

Тинејџерите зависни од смарт уреди се помалку среќни

_URB2522_tmb
Нова студија покажа дека колку повеќе време поминуваат тинејџерите пред екрани од смарт уреди, тие се помалку среќни

Среќата не е нов мобилен телефон, или најскап таблет, лаптоп. Според најновата студија направена од професорот по психолгоија Џин М. Твенџ, од државниот универзитет во Сан Диего, тинеџерите чии очи се „залепени“ на дигиталните екрани играјќи компјутерски игри, дружејќи се на социјалните мрежи, праќајќи смс и видео пораки се многу помалку среќни за разлика од нивните врсници кои се посветени на други активности како спорт, читање книги, списанија или пак дружби во живо. Тие исто така користат дигитални медиуми, но само по неколку часа на ден.
За да ја открие врската меѓу тие активности и чувството на среќа кај тинејџерите, Твенџ со колегите Габриела Мартин и В:Кит Кампбел од Универзитетот во Џорџија направиле истражување над повеќе од еден милион ученици од основни и средни училишта. При тоа учениците одговарале на анкетни прашања за тоа колку време минуваат пред дигитални уреди, како и на прашања за реалниот социјален живот и нивната општа среќа. При тоа било утврдено дека кај децата кои интензивно ги користат дигиталните уреди, како и оние кои воопшто не ги користат чувството на среќа и задоволство од сопствениот живот е далеку пониско во споредба со оние кои имале и други активности, а уредите ги користеле ограничено време во текот на денот.
Заклучокот е да не им се забрани комплетното користење на овие уреди, туку да се сведе на ограничено време и да се поттикнат тинејџерите да најдат други интересни активности (спорт, читање, музика, хоби, курсеви…) во кои ќе уживаат заедно со врсниците, а особено да се стави акцент на дирекната социјализација.