Македонија
 

Тајната која им помага на децата при учењето на англискиот јазик

Helen_BLOG3

Хелен Дорон ни одговара:

Како еден час од двапати неделно, може да го натера детето да го зборува англискиот јазик – во што е тајната?

Тајната на успешното учење на втор јазик се заснова на веќе докажана методологија, едукација која ја спорведуваат обучени учители по таа методика и во која е вклучено секојдневно слушање во позадина на специјално дизајнирани материјали.

Што претставува слушањето во позадина ?

Слушањето во позадина е учење на странски јазик преку аудитивен начин на примање на истиот. Со овој метод, детето ги слуша аудио материјалите на англиски јазик во позадина, односно додека си игра, јаде или оди на спиење.

Ова е пасивна  форма на примање на јазикот бидејќи вниманието на детето е насочено спротивно од слушањето на аудио материјалите. Поради ова редовно слушање, без потреба детето да биде фокусирано на тоа што го слуша, оваа методологија е слична на природниот начин на усвојување на мајчиниот јазик. Општо познато помеѓу јазичарите е дека споредното усвојување на јазикот останува во подлабока меморија и создава силно врежано владеење со јазикот во мозокот.

 

Методот на Хелен Дорон за слушање во позадина

 

30 годишното предавање ми покажа дека употребата на редовно слушање во позадина е неопходна алатка која му помага на детето да го научи англискиот јазик. Вокабуларот, граматиката, песните; сите се учат со редовно слушање во позадина. Слушањето во позадина не бара концентрација или разбирање на јазикот. Тоа бара слушање на специјално развиените материјали за учење двапати на ден, секој ден.

 

Хелен Дорон материјалите се полни со песни, повеќе од 500 само на англиски јазик. Повеќето се оригинални и создадени токму за нашите програми. На почетокот, детето не разбира што слуша, но песните се пуштени во позадина додека детето јаде, си игра, се бања или се спрема за во кревет. На тој начин во мозокот се добивааат повторливи стимулации и се создаваат посебни нервни патишта за учење на англискиот јазик преку процесирање на звукот и значењето на јазикот. Учењето на овој начин значи дека децата навистина го апсорбираат тоа што го слушат па така кога ќе дојдат на час тие веќе ги знаат гласовите, ги знаат песните, ги пеат заедно дури иако уште не знаат што значи секој збор.

HDE_photo_boy-6-12_May14_c (2)

Многу важно е родителите да сфатат дека вниманието на детето нормално ќе лута насекаде, бидејќи со слушањето во позадина не е предвидено детето да се фокусира на тоа што го слуша на цедето или симнатиот аудио запис. Поради тоа и овој процес се вика слушање во позадина.

За учениците на возраст од 2 до 9 години, материјалите за учење дома вклучуваат и видео запис кој ги придружува приказните и песните. Овие видео записи го зајакнуваат јазикот бидејќи постои и визуелен дел кој го придружува аудио записот. За родителите кои преферираат нивните деца да станат повозрасни па да можат дома да гледаат видеа, нашите програми нудат и материјали за слушање дома без видео записи.

Учењето е забавно

Учењето не може да биде успешно само со слушањето во позадина; талентиран учител кој умее да ги координира материјалите за учење на часот заедно со домашните материјали за слушање во позадина создава една идеална околина за учење. Секој Хелен Дорон учител поминува низ ригорозен тренинг и од страна на врвни педагошки експерти добива алатки со илјадници извори и игри за секој сет посебно, со помош на кои ќе го врши предавањето. Овие материјали се тестирани и докажани како успешни за учење на англискиот јазик. Предавањата на часовите се вршат на англиски па така детето кога ќе си отиде дома веќе ги разбира некои од цедеaта кои биле слушани на часот, а сега ќе ги слуша и дома, двапати дневно.

_URB7008_0

Кога наредната недела детето ќе се врати на час тоа пак научува нешто ново и така тој повторлив процес на слушање на материјалите дома- присуството на часовите- враќањето дома и повторното слушање продолжува околу 2 месеца додека целата содржина не биде потполно разбрана. Потоа курсот продолжува со запознавање на децата со нова содржина од ново цеде или симнат аудио запис.

Слушањето дома не бара детето да биде фокусирано и да учи – да се биде под притисок не е забавно! Со слушањето во позадина дома, учењето е спонтано. Понекогаш детето може да запее заедно со тоа што го слуша. Тоа слуша и ги прима информациите без дури и да биде свесно за тоа. Слушањето во позадина е тајната на успешното учење англиски; го поткрепува часот, а детето учи на прекрасен начин.