Македонија
 

Стилови на учење: Зошто има повеќе од еден начин на учење (и зошто е тоа важно)

Присетете се на вашите училишни денови. Шансите се дека седевте во училница, свртени кон табла, неколку саати непрекинато. Можеби вашиот учител  зборуваше многу, пишуваше забелешки на табла и доделуваше задачи. Но, што е со вас? Дали беше лесно да ги впиете и разберете информациите? Дали го поминувавте вашето време замислувајќи се, потпевнувајќи или обележувајќи клучни зборови со маркери?

learning-styles_blogpost

Исто како што сите луѓе изгледаат различно, сите луѓе и учат различно. Сите ние имаме различни стилови на учење. Овие стилови на учење може да имаат огромно влијание на нашата способност да разбереме и запомнеме нови информации, или да научиме нов јазик.

Однесувањето на детето за време на час може да ни открие многу за неговиот стил на учење. Често користен модел е ВАК – кој значи Визуелни, Аудитивен и Кинаестетички стил на учење.

Оние кои учат визуелно, учат преку гледање и читање, оние кои учат аудитивно, учат преку слушање и зборување, а оние кои учат кинаестетички, учат преку допирање, преместување и движење. Значи оние кои учат визуелно сакаат да учат преку пишан јазик (вежби за читање и пишување), оние кои учат аудитивно често разговараат самите со себе, придвижувајќи ги своите усни и изговарајќи ги зборовите гласно, а оние кои учат кинаестетички се најдобри кога допираат и поместуваат.

Интересно е тоа што, иако повеќето деца ќе функционираат и со трите стила на учење, тие најчесто покажуваат одредена предност во еден или два стила. ВАК моделот нуди брз и лесен начин со кој се проценува стилот на учење кај децата и уште поважно, да се дизајнираат методи на учење и искуства кои одговараат на нивните предности.

Кои се најчестите индикатори за различните стилови на учење? Кога подучувате некого нешто, на визуелниот ученик ќе му дадете пишани насоки, на аудитивниот ученик вербални насоки, а на кинаетичкиот ученик ќе му демонстрирате пред да го пуштите да си оди. Треба да кажете: “Покажи ми”, “Кажи ми” и “Дозволи ми да се обидам јас”.

Како може учителите да го искористат нивниото знаење на стиловите за учење за време на час? Преку нудење различни активности соодветни на различните потреби на децата. Визуелниот ученик сака да гледа и да набљудува – да гледа во слики, вежби и прикази. Овој стил вклучува типични активности како покажување сет од илустрирани карти додека децата го именуваат тоа што го гледаат, игри во кои децата може да идентификуваат слики кои се отстранети (Што недостасува?) и игри за меморија.

Аудитивниот ученик сака да слуша и зборува – слушање на изговорен збор, песни, звуци и врева. Овој стил вклучува типични активности како игри со инструкции. На пример, Кинески шепотења вклучува давање инструкција на едно дете кое потоа ќе ја пренесе понатаму. Последното дете кое ја добило инструкцијата мора да изведе задача базирана на инструкцијата. Друга активност, поттикнувања на мозокот, вклучува децата да направат движења по средни линии додека повтараат реченици. (Ова е исто и кинаестетичка вежба.)

Кинаестетичкиот ученик сака практични на лице место искуства (допирање, чувствување, држење) кое му помага да научи нови информации полесно. Ове песните комбинирани со движење и игри имаат важна улога. Децата изведуваат соодветни движења додека пеат, истовремено и поврзувајќи го текстот на песната со значењето. Со пантомима, децата едно по друга извлекуваат карти од купот и ги имитираат, додека другите се обидуваат да ги погодат зборовите. Игри за уживање како Штафетна трка или Блеф на Слепиот Човек вклучуваат предизвикување на децата да идентификуваат објект од неговиот опис или од тоа како изгледа на допир.

Доколку сакате вашето дете на научи англиски како втор јазик со леснотија, побарајте методологија за учење која ги содржи сите три стилови на учење. Часовите треба да бидат со соодветна брзина и со умешена комбинација од визуелни, аудитивни и кинаетички активности, за децата да можат да седат, стојат, танцуваат, пеат, се движат наоколу и да играат игри за време на часто. Целта е децата да бидат активни, вклучени и да се забавуваат додека учат нови јазични вештини. Helen Doron English методот е интигриран систем за рано учење на англиски јазик и стимулација на раниот детски развој, кој ги покрива сите стилова на учење на децата, динамичен е, и ги следи потребите на детето. За повеќе информации: www.HelenDoron.mk

Дојдете на бесплатен ДЕМО час и запознајте се одблиску со уникатниот Helen Doron English метод.
Пријавете се во училишниот центар најблиску до вас
Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476