Македонија
 

Со Young Heroes кампањата создаваме промени во заедниците

Хелен Дорон, деца, развој, англсики јазик

Ви ја преставуваме нашата новата Helen Doron English интернационална кампања за деца –Young Heroes со која ги охрабруваме децата да ни се приклучат и заедно да работиме на подобрување на нашите заедници.

Web-baner

Со Young Heroes кампањата ги инспирираме децата од целиот свет да го ослободат нивниот внатрешен херој и да дознаат колку се тие навистина способни.

“ Херој е секој оној кој ги користи своите способности за да го направи животот на другите подобар. Секое дете големо или мало има потенцијал да стане херој” – вели Хелен Дорон основач и сопственик на Helen Doron Educational Group. “Ние ги покануваме сите деца да ни се приклучат на кампањата и направат промена во нивната заедница, како дел од нашата интернационална кампања Young Heroes. Охрабрувањето на децата да израснат како подобри граѓани на овој свет одсекогаш било клучен дел од нашите вредности. Во нашата едукација на децата по англиски јазик секогаш ги нагласуваме важните вредности за секое дете како што се грижата и почитта на другите луѓе, грижата за природата и светот околу нас”.

“ Со Young Heroes кампањата нагласуваме дека да се биде херој не се потребни супер сили и специјални вештини. Туку се работи за деца кои ќе работат во тим со заедничка цел подобрување на животот на луѓето, зачувување на животната средина и помагање на животните околу нив – вели Хелен Дорон. Кампањата има за цел да ги едуцира на децата секаде каде тие можат направат промени во нивните заедници. Малите промени можат навистина да направат трајни разлики”.

Приклучете ни се во Young Heroes кампањата и охрабрете ги вашите деца да го осознаат нивниот внатрешен херој и да создадат промени во заедницата. За повеќе информации следете на нашата веб и Facebook страна.

 

Кршење на новите граници за образованието на децата

Helen Doron English е глобална франшиза, лидер во детската едукација со над 900 училишни центри во 35 држави ширум светот , која постои од 1985 година. Преку Helen Doron English методологија досега се едуцирани над 2 милиони деца ширум светот. Оваа креативна, инспиративна и уникатна методологија го менува животот на многу деца ширум светот поттикнувајќи го и стимулирајќи го нивниот мозочен потенцијал и развијаќи ги ја нивната креативност, самодоверба и емоционална интелигенција. Повеќе инфо. на www.helendoron.mk