Македонија
 

СОВЕТИ ЗА ЧИТАЊЕ

Започнете со читање порано и читајте често. Најраните години се клучни за развивање на доживотната желба за читање. Никогаш не е премногу рано да почнете да му читате на вашето дете! Овие совети нудат забавни начини кои ќе му помогнат на Вашето дете да стане среќен и самоуверен читател. Применете по еден нов совет неделно. Видете што најмногу функционира кај детето.

36277-reading-mom-and-daughter-1200.1200w.tn_

Читајте заедно секојдневно. Читајте му на детето секој ден. Нека ова бидат топли моменти, полни со љубов кога вие би можеле да се прегрнете и да читате.

Именувајте сѐ. Збогатете го речникот на Вашето дете зборувајќи му за интересни зборови и предмети. На пример: “Види го авионот! Ова се неговите крила. Зошто мислиш дека ги викаме крила?”

Зборувајте за тоа колку уживате во читањето. Кажете му на Вашето дете дека уживате кога читате со него или неа. Кажете дека вашето време за приказна Ви е омилен дел од денот.

Читајте на забавен начин. Читајте му на детето хумористично и експресивно. Употребувајте различни гласови. Изглумете!

Престанете навреме.Оставете ја книгата накратко ако детето почне да губи интерес или не може повеќе да внимава.

Бидете интерактивни. Разговарајте за тоа што се случува во книгата, покажувајте на одредени зборови на страницата и прашувајте.

Читајте повторно и повторно. Не мислете се и прочитајте ја омилената книга на детето и по стоти пат!

Зборувајте и за пишувањето. Спомнете му на детето дека читаме од лево кон десно и дека зборовите се пишуваат со простор меѓу нив.

Покажувајте му ги пишаните знаци околу вас. Зборувајте за пишаните зборови што ги гледате насекаде. Побарајте од детето да пронајде нов збор на секоја прошетка.

Проценувајте го детето. Обидете се да поразговарате со матичниот педијатар или наставникот на детето најбрзо што можете, ако Ве загрижува развојот на говорот кај детето, неговиот слух или вид.

_______________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476