Македонија
 

Се обидувам да го мотивирам моето дете. Зошто не успевам?

Зошто е тешко да ги мотивираме нашите деца ? Како родители често имаме смешни и погрешни верувања и очекувања од нашите деца. Во исто време, вистина е дека твоите обиди за мотивирање на детето понекогаш можеби ќе имаат обратен ефект.

Има нешто погрешно во тоа, ако ти се грижиш за оценките на твоето дете, повеќе од него.

Неможеш да го натераш твоето дете да се грижи само затоа што ти се грижиш, всушност би можел само да го попречиш патот на неговата мотивација.

Helen Doron

Многу е важно да застанеш и да се запрашаш себеси неколку прашања – Која е одговорноста на моето дете? Која е мојата? Ако детето не ја извршува својата работа, твоја одговорност како родител е да го научиш како вистинскиот свет функционира. Во реалниот свет, ако не ја завршиш својата работа, нема да ти биде платено. Покажувај му ги последиците за да научи кој е резултатот од неговите постапки. Но не го прави тоа со погрешна цел мислејќи дека така ќе направиш да се грижи за неговата домашна задача по математика, едноставно затоа што ти се грижиш за тоа. Последиците не се овде да создадат мотивација, туку давајќи ги, ги извршуваш твоите родителски обврски. Крајната цел е дека ти не можеш да мотивираш друг човек да се грижи, туку да инспирираш и влијаеш.

Како родители, секогаш се чувствуваме одговорни за резултатите во животот на нашите деца, но треба да разбереме дека самото дете е одговорно за своите избори. Но, затоа што мислиме дека успехот на нашите деца зависи од нас, ние стапнуваме во место каде што не припаѓаме. Сме учени дека некако треба да ги контролираме нашите деца, па така често пати без размислување им навлегуваме во нивниот простор.

Се обидувам да го мотивирам моето дете. Зошто не успевам ?

Вистина е дека некои деца се помалку мотивирани од други. Постојат деца кои што се паметни и интелигентни, но добиваат ниски оценки. Некои од нив седат во училниците зјапајќи во просторот и покрај тоа што и ти и учителите го давате најдобото од себе. Или пак некои кои не изгледаат заинтересирано за ништо и немаат некое хоби или страст кон нешто, или можеби тинејџери кои се откажуваат лесно или воопшто не сакаат да пробат. И покрај твоите најдобри напори, детето останува заглавено или почнува да заостанува. Ако твоето дете  е едно од тие помалку мотивираните може да биде извор на големи грижи и фрустрации, а понекогаш дури и очај – овде е почетокот на проблемот. Проблемот во овој случај е твојата реакција кон недостатокот на мотивација на детето. Тогаш запрашајте се себеси следните прашања :

Дали твојата фрустрација те доведува до повишување на тон, казнување,  карање и пагање во очај ?

Дали твојата беспомошност те доведува до конфликт со сопружникот кој не изгледа дека не работи доволни како што ти мислиш дека тој/таа треба да прави за да го мотивира детето ?

Дали твојот страв од неуспехот на детето те доведува да продолжуваш да се обидуваш да го смениш ?

Ако се најдеш себеси дека правиш било која од горе наведените работи, можеби веќе го гледаш твоето дете како покажува отпор. Без разлика дали детето се бунтува или го следи тоа што ти го сакаш, крајниот резултат е дека тој нема да биде повеќе мотивиран од тоа што бил претходно.

Како да ги инспирирате Вашите деца да се мотивираат себеси ?

Еве некулку совети кои ќе Ви помогнат да поттикнете само мотивација кај децата.

Не дозволувај твојата загриженост да ги натера да бидат мотивирани. Така само ќе ги мотивирате да се бунтуваат против вас или да се однесуваат на одреден начин само за да ве смират бидејќи сакаат да ги оставите на мира. Тоа нема да ги мотивира затоа што тие се фокусирани на својата реакција спрема вас, наместо да се фокусираат на на нив самите и на пронаоѓање на интерна мотивација. Вашата загриженост и потреба да се грижите за нив само ќе создаде борба за моќ помеѓу вас и вашето дете.

Бидете инпиративни. Единствениот начин да мотивирате е да престанете да се обидувате да мотивирате. Наместо тоа работете на инспирирање на вашето дете. Како да го направите тоа ? Бидете инспиративна личност. Запрашајте се себеси дали вашите постапки се инспирациони или контролирачки. Разберете дека вашите деца ќе го прават спротивното доколку премногу ги контролирате. Размислете за некој во вашиот живот кој што ве инспирирал и работел на таа цел.

Дозволете му на Вашето дете да донесува свои одлуки и да се соочи со последиците. Дозволете на детето да донесува свои одуки. Ако последицита од тоа што детето не ја завршил домашната задача е одземање на компјутерот, тогаш поттикнете ја потребата да го добие времето за играње на компјутер назад. Тоа ќе биде мотивација за него во правилна насока без вие да му кажете што да прави, како да го направи тоа и без да го подучуваш зошто би требало да се грижи. Како родител што всушност би требало да правиш е да се прашаш себеси : Што би направил следно ? Кои се моите вредности и принципи ? И да се придржуваш до тоа.

Запрашете се себеси следните прашања :

Што го мотивира моето дете?

Што навистина сака?

Кои прашања треба да ги поставам кои ќе му помогнат да ги открие и спознае своите интереси?

Кои се неговите цели и амбиции?

Зачекори доволну подалеку за да го видиш твоето дете како одделна личност. Тогаш набљудувај ги неговите постапки и реакции. Зборувајте со нив за да дојдете до одговорите на горе наведените прашања. Потоа слушајте – не тоа што Вие би сакале да чуете, но тоа што навистина детето го кажува. Само слушајте ги. Почитувајте ги нивните одговори иако не се согласувате со нив.

Изберете во која врата би сакале да влезете.

Замислете две врати. Првата врата е за родители кои сакаат да ги мотивират нивните деца да ги прават вистинските работи во животот : Да станат, да одат на училиште, да си ја завршат нивната работа, да бидат успешни. Втората  врата е за родители кои сакаат нивните деца да бидат само мотивирани правејќи ги тие работи. Тие сакаат да повлијаат на своите деца да работат движејќи се кон тие цели за кои се заинтересирани. Не само да ги прават вистинските работи, туку да сакат да ги прават вистинските работи.

Во која врата би влегле ? Ако е првата врата, тогаш патот за да ја постигнете целта е буткање, казнување, поткупување, наградување, молење. Ако се одлучите за втората врата, тогаш ќе ја достигнете целта преку поставување на различни прашања. Наместо – дали ја напиша домашната задача? би можеле да прашате – зошто одлучи да ја пишуваш домашната задача денеска, а не вчера ? или – забележав дека избра да не вежбаш геометрија вчера, но денес ја пишуваш домашната задача по историја. Која е разликата ?

Биди истражувач, откривај и помагај твоето дете да ја осознае својта интерна мотивација.

Не е ваша вина.

Запомнете, недостатокот на мотивација кај вашето дете не е ваша вина, па така не го земајте тоа лично. Гледјте на тоа на следниот начин. Ако погледнете преблиску во огледалото, неможете јасно да се видите себеси. Но кога ќе се оддалечите дури тогаш ќе можете да се видите јасно. Направете го истото со вашето дете. Понекогаш сме премногу блиску што дури неможеме да видиме дека се оддени личности. Но, ако се оддалечите доволно ќе почнете да го гледате Вашето дете како засебна личност и тогаш ќе бидете способни да му помогнете и да го разберете. Кога ќе направите чекор назад и резонирате, тогаш ќе разберете што всушност го мотивира, зошто посега по одредени работи и што навистина го придвижува.

Целта е да му се повлијае на детето кога тоа треба да направи одредена работа што не сака да ја направи и да го запознаеме доволно добро за да осознаеме кои би можеле да бидат неговите желби. Како родители сакаме да ги подобриме нивните вештини во дефинирање на тоа што е важно за нив. Сакате да му помогнте на детето да се дефинира себеси кој е, што е важно за него и што треба да направи за да ги постигне своите цели. Нашата одговорност е да им помогнеме на нашите деца да го направат тоа, а не ние да го направиме за нив. Треба да стоиме по страна за тие да сфатат кои се, што мислат и каде лежат нивните интереси.

Автор: Debbie Pincus, MS LMHC

Доколку сакате да дознаете како ние со Helen Doron методот успеваме да ги мотивираме и инспирираме децата, а истовремено и да поттинеме градење на самодовербата кај децата, топло ви го препорачуваме овој текст: Одлична техника за градење на самодовербата кај децата (Positive Rеinforcement)

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476