Македонија
 

Седум митови за читањето

Мит #1: Моето дете е малечко. Нема концентрација да ја слушне цела приказна!

Никогаш не е рано да започнете да им читате на вашите деца. Всушност, многу експерти препорачуваат да се создаде навика за заедничко читање се додека вашето дете е во матката. Истражувањата покажуваат дека бебињата го развиваат своето чувство за слух околу почетокот на третиот месец  од бременоста и се смируваат од звукот на гласот на нивната мајка. Читањето е совршен начин да се обезбеди тој комфор. Ако вашето доенче или дете не изгледа заинтересирано за она што им го читате, имајте на ум дека малите слушаат на различни начини и различно го манефестираат тој процес. Танцувањето наоколу, џвакањето на книгата, или гугање во позадина се процеси кои се нормални. Единственото однесување што не е нормално да се случува додека им читате  е плачењето. Читањето секогаш треба да биде позитивно искуство. Ако вашето дете е вознемирено, не го присилувајте. Едноставно обидете се повторно подоцна.

Мит # 2: Моето дете сака да измисли своја сопствена приказна.

Сликовниците секогаш  успеваат да ја поттикнат детската имагинација,  многу деца се чувствуваат инспирирани да раскажуваат свои приказни врз основа на илустрации  кои ги гледаат во книгата. Овај процес можеби не ви изгледа продуктивно но раскажувањето е всушност важен аспект и заедничкото раскажување на  приказна е од голема корист за развојот на вашето дете. Раскажувањето на приказни помага да се збогати наративната способност кај детето како и  јазични вештини и разбирање што е реално а што е фантазија. Ако имате дете кое сака да раскажува, искористете ја таа бенефиција со тоа што ќе им посочувате прашања и  ќе го поттикнете да се сочувствува со ликовите од приказната. И не заборавајте да им понудете безброј сликовници !

Untitled design (10)

Мит #3: Моето дете чита самостојно, па читањето на глас со мене ништо не му  менува.

Нема возрасни ограничувања кога станува збор за читање на глас на вашето дете. Читањето на глас на деца кои се независни читатели има образовни и емоционални придобивки. Нивото на читање на детето не се приближува до неговото ниво на слушање се до 14-та година.

Читањето на глас ги изложува децата да развијат посложени идеи и ги подготвува да се справат со предизвикувачки текстови. Читањето на глас на постаро дете, исто така му помага да ја  задржи љубовта кон читањето која ќе трае засекогаш.

Мит # 4: Читањето на истата книга одново и одново ме вознемирува и не му помага на моето дете.

Па, првиот дел можеби е вистина, но истражувањата сугерираат дека ваквото читање е всушност корисно за новите читатели. Секогаш кога ќе им  ја прочитате омилената книга на вашето дете, тоа препознава нови зборови, учи нови јазични конструкции и развива подлабоко разбирање на приказната.Ако добро сте ја запомнале книгата и сте во искушение да избегнете повторно да ја прочитате од збор до збор тогаш , обидете се да поставите прашањза да ја оживеете приказната како на пример : „Што ако  волкот има другар што ќе му помогле да ја сруши куќичката од тули? Зошто трите прасиња се чувствуваат исплашени? “ Направете го ова доколку сакате да внесете разновидност во вашето читање.

Мит # 5: Моето дете не сака да чита.

“Ако не сакате да читате, значи дека не сте ја пронашле вистинската книга” -J.K. Роулинг

Споделувањето и слушањето на приказни е огромен дел од тоа што сме. Длабоко  во себе секој сака да чита но потребно е да се пронајде книгата која ќе разбуди страст кај вашето дете. Ако имате дете кое не е добар пријател со книгите, обидете се да го доведете во вашата локална библиотека за  заедно да пребарувате книги . Најдоброто нешто што можете да направите за да го поттикнете вашето дете да биде возбудено за читање е да им ја предатете можноста во неговите раце тоа само да избере книги. Се уште имате проблем? Обидете се да пронајдете  книги со популарни ТВ ликови или книги кои се поврзуваат со други активности што ги сака (видео игри, спорт, музика итн.). Ако не сте сигурни од каде да започнете, прашајте го детскиот библиотекар. Библиотекарите се експерти за избирање на совршена книга за вашето дете.

Мит # 6: Моето дете одбива да чита “вистински книги”.

И покрај тоа што е корисно да го поттикнете вашето дете да чита книги кои  содржат само текст , запомнете дека има книги во секакви видови и облици, големини и стилови кои се важни  за развој на читателите. Не постои поимот “вистинска книга”! Всушност, стриповите, графичките романи и книгите што се пишувани во вид на дневник им помагаат на децата да развијат вештини за визуелна писменост кои се од суштинско значење за учениците од 21 век. Притискањето за книги кои на прв поглед ви изгледаат  дека се квалитетни и соодветни за вашето детето може само да го претвори процесот на читање во обична рутина. Одржувањето на љубовта кон читањето значи изложување на вашето дете на различни видови на книги.

Мит #7: Имаме многу книги дома, па моето дете не треба да позајмува  од библиотеката.

Многу студии покажаа дека  поседувањето на книги во домот е тесно поврзано со академските достигнувања на вашите децата . Имањето домашна библиотека е навистина посебна привилегија, но вашата локална библиотека е побогата и нуди многу повеќе од домашната. Сепак постојат и просторни и финансиски ограничувања за тоа колку книги може да чувате во  вашите домови, но љубопитноста, креативноста и способноста на вашето дете се неограничени. Библиотеките им нудат можност на вашето дете да открие нови интереси, да биде во чекор со најбараните книги во изминатиот период и целосно да ја искористи моќта на неговата имагинација –  сето тоа без многу трошоци. Не постои такво нешто како што се “премногу книги„! Зошто да не ги искористете сите ресурси за да им помогнеме на децата да сонуват , да создаваат и да растат?

Helen Doron English со кампањата Readers Are Leaders го истакнува читењето како супер моќ и има за цел да ја подигне свесноста кај децата и родителите за тоа колку читањето има силно влијание врз иднината на децата, доближувајќи ги децата до тој магичен свет на книгите и покажувајќи им колку тоа може да биде забавно и корисно, дознајте повеќе овде.

___________________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476