fbpx
 
 
Македонија
 

Раскажи ми поинаква приказна

Волшебен начин за едно поинакво доживување во чест на крајот на школската година и почеток на летото – шарени, весели каменчиња со чија што помош, сите заедно ќе смислaт и раскажат приказна. Ова е групна активност во која може да се вклучи целото семејство.

За почеток потребно е да обезбедите материјал:

  • Мазни, овални каменчиња во различна големина – излезете на заедничка прошетка во парк, покрај река или  поточе, и додека разговарате за природата и водниот свет соберете ги потребните каменчиња.
  • Секаков вид на бои и четки –  темперни, водени бои, фломастери- по желба на децата за цртање , боење и декорирање на каменчињата.
  • Хартија во боја, колаж или најразлични лепенки –  со кои ќе ги декорирате каменчињата.
  • Можете ако имате опција, да испечатите слики од омилените детски ликови од приказните, кои ќе ги залепите на каменчињата.

Како се игра:
Седнете сите на под, во круг. Декорираните каменчиња ставете ги на подот (или во сад) со сликичките надолу. Секој учесник со затворени очи бира каменче и треба да раскаже приказна според својата фантазија.
Можете на еден лист да нацртате три коцки и да ги обележите со 1,2,3. Детето нека избере три каменчиња и нека ги нареди во секоја коцка по едно, по редоследот како што ги бира. Поттикнете го детето да ги каже кои се тие предмети или ликови еден по еден, а потоа да создаде реченица на англиски јазик.

Со помош на оваа активност децата се социјализираат, развиваат правилен говор, го збогатуваат својот вокабулар, но исто така солидно ги усовршуват техниките за самостојно решавање на конфликти и трпение. Исто така креативноста и имагинацијата се составен дел од оваа едукативна игра а финалниот резултат е најубава и единствена приказна.

Подготви:
teacher Aлександра А. од ХД Центар