Македонија
 

Раниот детски развој низ призмата на Хелен Дорон методот

Раното детство е најважен период гледано од аспект на градење на стабилна и самоуверена личност, икористување на мозочните потенцијали и зголемување на IQ, развојот на социјалните вештини, физичкиот развој и развојот на говорните и комуникациски вештини.

 

 

Во периодот до 7 година од живтот на детето се изградени до 75% од мозочните врски т.е синапси од кои дирекно зависи искористувањето на мозочниот потенцијал на децата и нивниот IQ. Затоа раното детство е период на развој, каде што раната стимулација е од круцијално значење за тоа како мозокот расте и се развива, од што дикрекно зависи и искористувањето на биолошките потенцијали. Хелен Дорон методот опфаќа неколку ниво на рана стимулација:

HDD

Мозочен развој

Helen Doron методологијата е базирана на совладување на материјалот и изучување на англискиот јазик преку игри, песни и креативни активности кои се интересни и забавни, но истовремено се многу сериозни и добро осмислени, внимателно испланирани и базирани на методолошки материјали.  Овие активности  стимулираат  развој на голем број мозочни синапси како и трансфер на информации од десна во лева мозочна хемисфера со што се потикнува искористување на целосниот мозочен потенцијал и подобрување на IQ. Исто така овие активности имаат за цел да го научат детскиот мозок како да учи, како да размислува креативно т.е да излезе од рамката, да наоѓа повеќе решенија за даден проблем и како да дојде побрзо до решението.

Развој на говорните и комуникациски вештини, како и создвање на билингвални деца кои го познаваат англискиот јазик како мајчин јазик.

Хелен Дорон е метод за рано изучување на англискиот јазик, каде што децата го научуваат англискиот јазик како мајчин јазик, на природен и интересен начин, кој дава брзи и трајни резултати. Децата преку овој метод го научуваат англискиот јазик како мајчин јазик така што почнуваат да размислуваат на англиски јазик. Имаат слободна, течна комуникација и природен акцент. За таа цел на часот се создава вештачка англиска средина каде што комуникацијата меѓу децата и учителот е единствено на англиски јазик. Хелен Дорон учителите се специјално обучени да користат соодветни техники, вештини и активности со помош на кои ќе создатат на часот вештачка англиска средина и наставата ќе ја водат единствено на англиски јазик, а децата притоа се да разберат, научат и да се чуствуваат убаво и сигурно во ваква средина. Во ваква средина децата имаат природна способност да го апсорбираат јазикот и брзо се ослободуваат да комуницираат на истиот со што се создаваат билингвални деца. Билингвалните деца развиваат посуштинско разбирање за структурата на јазикот, што е многу важна алатка за писменоста. Способни се да учат нови зборови многу полесно и изучувањето на трет или повеќе јазици е многу поедноставно. Исто така изучувањето на друг јазик во раното детство  му помага на детето во развојот на говорот и говорните вештини, поубаво изразување и збогатување на речникот и на сопствениот јазик.

deca2

Физички развој (фина и крупна моторика).

На Хелен Дорон часовите, децата се постојано физички активни. Тие изучуваат песнички, во кои во зависност од значењето на зборовите во песната, од ритамот и музика прават  движења на телото – специјални вежби и кореографии, кои ја подобруваат кординацијата на телото и физичкото здравје. Исто така има и многу активности за фина моторика, каде се вежбаат прстињата и се подобрува координацијата на раците, а исто така на овие ативности се многу интересни и разнолики со што се буди креативноста на децата.

Развој на сензорика

За совладување на дадениот вокабулар, децата се водат низ искуството на истиот. Тие секоја инфомација ја примаат преку што е можно повеќе сетила.  Децата се што треба да научат треба да го видат, допрат, почуствуваат, слушнат, помирисаат, пробаат (доколку е во можно) бидејќи само така примена информацијата преку повеќе сетила останува трајно и ретко се заборава.

Социјален развој

Децата на Хелен Дорон часовите се во постојна интеракција меѓу себе и со учителот, градат важни врски меѓу себе, учат како да се однесуваат во интеракцијата со другите, како да се почитуваат себеси и другите околку нив. Во материјалот има вметнато и мноу енциклопедиско знаење се со цел децата полесно да го разберат светот околу себе, природата, разноликоста и така полесно ги прифаќаат разликите, се чуствуваат побезбедни во светот во кој живеат и полесно се адаптираат на нови ситуации.

Музика

Часовите се исполнети со многу музика, специјално компонирани песни, лесно и интересно римувани кои веднаш влегуваат во слухот на децата, имаат убав ритам и пред се потикнуваат убави емоции кај децата. Музиката и ритамот влијаат позитивно и врз мозочниот развој на детето.

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 10 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodrom – 078 219498
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Kisela Voda – 070 306 297
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476
Helen Doron Radovis – 075 236 220