Македонија
 

Развивање и учење на вештините преку сензорски игри

Децата, а и возрасните најмногу ги задржуваат информациите кога ги употребуваат нивните сетила. Многу од нашите омилени спомени се поврзани со едно или повеќе од нашите сетила, на пример, мирисот на една летна ноќ покрај камперскиот оган или зборовите на некоја песна кои ги имаме запамтено. Кога вашата ноздрва или вашето ушно тапанче е надразнето со веќе познатиот мирис или звук тогаш вашиот мозок предизвикува повратна меморија за тие посебни моменти.

13412929_1054761837925345_8584823271830939576_n

Енџи Дорел, акредитиран оцеувач и поранешен застапник во NAEYC (Национално Здружение за Едукација на Деца), го истакнува следното: “Замислете како се обидувате да научите деца од четири години за топење на материја без да им дозволите да држат коцка мраз и да видат како мразот се топи во нивните раце или да видат топење на кашкавал врз леб во микробранова печка. Замислете, како возрасен учите како да користите компјутер без всушност да седите пред компјутерот.” На крај и без сомнение, ние треба да доживееме и почувствуваме одредени својства со нашите сетила со цел да ги разбереме и да зборуваме за истите. Со давање можност на децата да истражуваат и прочуваат предмети без предходно знаење за нив,  им помагате да ги развијат и подобрат нивните вештини како што се: когнитивните, социјалните, емоционалните, физичките, креативните и јазичните.

Когнитивна вештина

Когнитивната вештина особено се изострува преку сензорски игри како што се решавање на проблеми и донесување на одлуки. Едноставно, замислете си некој проблем и различни предмети за кои детето може да најде решение и со тоа ќе го видете процесот како детето размислува. Неколку примери од Енџи Дорел вклучуваат, одлучување како да изгради чамец кој ќе плови, како шлагот да стане зелен или како да направи песокот да се лепи. Покрај тоа, децата можат да изградуваат математички вештини како што се споредување на големината (големо наспроти мало), броење и поврзување броеви со предмети, мерење на времето (Дали водата или маслото се движи побрзо?), спојување (иста големина и форма), сортирање и класифицирање (копчиња, грав или ориз), научни вештини, на пример, причина и последица (Што се случува кога ќе се додаде вода во песок?), гравитација (водата тече надолу во инката, а не нагоре) состојби на материите (топење на мразот). Преку предвидувања и набљудувања децата несвесно прераснуваат во аметерски научници, па дури и развиваат вештина за анализа.

maxresdefault

Јазична вештина

Децата не можат да дефинираат делови од јазикот се додека не ја доживеат вистинската смисла на зборот. Обидот да искажат нешто без соодветни зборови може да биде фрустрирачки за децата и возрасните. Сензорската игра ги охрабрува децата да користат описен и изразен јазик и да го пронајдат значењето зад безначајните зборови и неразбирливиот говор. На пример, зборот “slimy”, секако, може да го објасните зборот со помош на различни придавки, но додека не осетите нешто лигаво, тоа е се што ќе остане – само збор. Исто така, Енџи Дорел додава дека децата развиваат вештина за почетно пишување со користење на преточување, фаќање и задачи со кординација  помеѓу окото и раката, додека користи различни предмети.

140910019.4_mn

 

Социјална и емоционална вештина

Одредени опции за сензорски игри, како што се сензорски маси, им овозможува на децата да бидат во целосна контрола на нивните постапки и искуства, кои ја зголемуваат нивната самодоверба во процесот на донесување на одлука и ја поттикнува нивната желба да учат и експериментираат. Сензорските игри, исто така, ги учат децата за заедничка работа и соработка. Енџи Дорел сугерира, “Додека децата работат заедно или едно до друго, ќе научат да разберат и нечие друго гледиште. Исто така, децата ќе имаат можност да се изразуваат и да станат сигурни во размена на нивните идеи со други лица.”

13450855_1054761881258674_3603612584809957727_n

Физичка вештина

Фината моторика често се дефинира како координација на движење на малите мускули (обично рака-око координација), која ни овозможува да извршуваме различни важни задачи. За децата, овие задачи вклучуваат врзување на чевли, закопчување на патент, па дури и вртење на страните од книгата . Груба моторика вклучува движење на поголемите мускули од телото и вклучува активности како што се одење, трчање, туркање,влечење и фрлање на топка. Некои примери на сензорни игри се корисни за развој на фината моторика и тоа преку поттикнување на манипулација на материјали, како што се мешање, мерење, налевање, црпење. Додека пак, истражување на површини, кревање, фрлање, тркалање и игри во вода помагаат за развивање на грубата моторика. Дури и охрабрување на детето да ви помогне да ја изградите сензорскта маса е еден вид на моторичка вежба.

maxresdefault (1)

 

Креативна вештина

Енџи Дорел објаснува дека “Сензорските искуства даваат бесконечни можности каде што процесот е повеќе важен отколку производот, како децата ги користат материјалите е поважно од она што тие ќе направат со нив. ” Поттикнувајќи го вашето дете да размислува креативно, со цел да реши одреден проблем или да го вклучите во некоја замислена приказна, им помагате да ја изразат нивната креативност и да изградат самодоверба.

13418916_1054761794592016_4640647424941502736_n

Откривање на нашиот свет преку сензорски игри

Изложување на децата на сензорски игри им помага да ги разввијат и подобрат употребата на нивните сетила. Сензорската игра може да се подели во пет групи, кои одговараат на сетилата: допир, вид,слух, мирис и вкус. Еве неколку примери на лесни, евтини и креативи начини да поминете време со вашето дете додека се вклучени во сензорски игри.

Допир

  • Играјте игри или вклучете ги во активности во кои се користат мускулите: скокање на трамбулина или кревет, одење како рак, трка со три нозе, направете тврдина или игра со пречки, играјте “јанино јанино” или дама, игри со фрлање или фаќање (користете различни предмети како меки играчки, балони со вода) и влечење на јаже.
  • Вклучете го детето во домашните обврски со кои се поттикнува употребата на мускулите: дозволете им да ја туркаат кошницата со алишта или количката со намирници, чистете заедно (бришење на маси, метење, бришење на подот….исто така, со ова се остварува и сонот на родителот!)
  • Употребувајте стимулативни материјали или предмети во вашиот дом. На пример, во кујната, кршете мраз во кеса, играјте со шлаг или тесто за колачи, барајте различни предмети во домот, пијте од цевче.
  • Учествујате во активности за кои не се потребни предмети: направете парада или марширајте низ целиот дом, галете животно или едноставно гушкајте се.

Вид

  • Експериментирајте со светлината во вашиот дом: играјте покрај свеќи, брканица со светилки, претстава со сенки и носете наочари.
  • Истражувајте со бои: додавање на прехрамбени бои во вода, ставање боја на лицето, фарбање облека или ткаенина. Тестирајте го сетилото за вид преку игри: фаќање на балон, барање излез од лавиринт или загатки со точки, копирање на рака или тело, играње на “буква на буква”, “ку-ку” и варијации на играта криенка.

Слух

  • Вклучете ја музичката страна на детето: свирете или слушајте некој инструмент, пејте песничски. Играјте различни игри со кои треба да го употребат слухот: да се обидат да го погодат звукот кој го слушаат, направете графикон од работи кои можете да ги слушнете надвор, зборувајте за различни звуци на животните, играјте музичко столче.
  • Експериментирајте со јачината на звукот: играјте со тонот на радиото за да истражувате високи и ниски звуци.

Мирис

  • Искористете ја вашата кујна: гответе со јаки зачини и ароми, односно лук, ѓумбир, какао, лимон, оцет, ванила, нане, лаванда и да се обидат да го погодат мирисот со затворени очи.
  • Направете прошетка т.е. мирислива прошетка и мириснете трева, цвеќе или пак поминете покрај некоја фурна.
  • Читајте ароматизирани книги каде што треба прво да изгребете па да помирисате.

Вкус

  • Експериментирајте со спротивностите: нека пробаат смрзната и топла храна, солена и слатка храна, крцкава и мека храна итн.
  • За смирување на детето потребно е да пробаат храна која се голта или се пие со помош на цевка, а за зголемување на вниманието да пробаат крцкава или храна за кое е потребно џвакање.
  • Секогаш имајте свежо овошје или зеленчук, житарици и храна богата со калциум која го подобрува здравјето на детето како и нивните сетила.
  • Готвењето е уште еден одличен начин да се охрабрат децата да истражуваат за вкусовите: слатко, солено, горчлво и кисело.

Ние во Helen Doron English употребуваме игри и активности кои ги опфаќаат и стимулираат сите сетила, за да децата поминат низ искутвото на дадениот вокабулар, се со цел да го научат англискиот јазик како мајчин јазик, да го апсорбираат природно и да почнат да го зборуват течно.

http://www.pbs.org/parents/child-development/sensory-play/developing-and-cultivating-skills-through-sensory-play/

Автор: Danielle Steinberg

Превод и обработка:

Елена Костовска – Хелен Дорон учител

Овој текст е објавен на Хелен Дорон блогот и ги содржи следните клучни зборови: игри за деца, детски игри, igri, igri za deca, helen doron, detski razvoj, bilingvalizam, angliski, english, senzorni igri.