Македонија
 

Разбивање на бариерата за да може течно да се зборува англиски јазик

Helen_BLOG7

Хелен Дорон веќе 30 години ги учи децата англиски јазик. Таа е сопственик и основач на компанијата Helen Doron Educational Group, како и творец на единствената методологија за изучување на англиски јазик, математика, фитнес и развој на децата преку оригинални техники и активности и ревoлуционерни материјали.

Хелен Дорон ни одговара на прашањето: Многу деца цел живот учат англиски јазик, но сепак не го збoруваат течно. Како Хелен Дорон методологијата им помага да ја поминат оваа бариера?

Најголема желба на секој родител е да му го овозможи на своето дете најдоброто што го може. Не само што е возможно детето да се изразува на друг странски јазик уште од најмала возраст, туку докажано е дека тоа делува позитивно врз мозочниот развој на детето. Нашето 30 годишно искуство е подкрепено со голем број на истражувања на оваа тема.

Најчесто, децата почнуваат да учат англиски јазик во училиште. Почнуваат со изучување на пишувањето и читањето,а со оглед на големиот број на деца во еден клас, децата скоро и да немаат прилика да вежбаат говор, односно комуникација.  Најчесто читањето и пишувањето имаат предност пред говорниот јазик. Неретко, родителите се одлучуваат на приватни часови, каде што децата го изучуваат јазикот на ист или сличен начин како и во училиште, каде што слободната комуникација на англиски јазик и самодовербата во изразување на англиски јазик изостанува.

Хелен Дорон методологијата е докажана методологија со помош на која детето сигурно ќе проговори и течно ќе зборува на англиски јазик.  Хелен Дорон методологијата опфаќа четири основни принципи кои ја стимулираат способноста за говор. Искуството покажува дека учењето во мали групи, слушање на специјално дизајнирани материјали во позадина, позитивен потик и учење преку игра со специјално осмислени техники и активности го прави изучувањето на англискиот јазик лесно, забавно и без мака.

Учењето јазик бара контекст

На децата им е потребен контекст во кој би се вербално изразувале.За да се изучувањето на јазикот развива, средината во кој се одвива учењето мора да биде соодветна, добро структуирана и мора да им нуди подршка на учиниците. Многу деца кои го разбираат англискиот јазик, кога ќе бидат прашани нешто на англиски јазик тие одговараат на мајчин јазик.

Се поставува прашањето зошто е тоа така? Зошто детето кое го разбрало прашањето поставено на англиски јазик има потреба да одговори на мајчин јазик?

Одговорот е дека странскиот јазик мора да се учи во лингвистички и друштевен контекст, а најдобро се учи во природен облик, низ дискусија, разговор и игри. За нашите часови по англиски јазик ние создаваме контекст. По нашиот метод децата веќе од три месеци можат да започнат со изучување на англискиот јазик кое се одвива во исклучително забавна средина. Работиме во мали групи со 4-8 деца што овозможува децата да имаат корист од меѓусебната интеракција, а во исто време да добиваат индивидуално внимание од учителот. Учителот ги слуша како се изразуваат и им одговара. Користиме добро  осмислените игри и активности во кои децата мора да зборуваат на англиски јазик за да учествуваат во играта и добијат онаа што го сакаат. Секако, структурата е прилагодена на возраста на детето.

Доколку се многу мали, на пример на возраст под  години, ние не инсистираме да зборуваат, но ако се на возраст од 4, 5, 6 или повозрасни користиме игри, активности и техники кои ги охрабруваат на децата да зборуваат спонтан англиски јазик. Никогаш не ги издвојуваме за да не вршиме притисок врз нив. Обраќањето од типот на “Ти! Одговори!” никако не се практикува на нашите часови. Никако не вперуваме прст во дете и не инсистираме да одговори, бидејќи таквиот однос може да го вознемири детето дури уплаши и демотивира.  Кога си играат, децата не се ни свесни дека учат. Начинот на кој им го представуваме јазикот на децата низ игри и активности ги охрабруваме да зборуваат. Тогаш учењето англиски јазик станува забавено, никако обесхрабрувачки. Два фактори кои го прават учењето на англискиот јазик по Хелен Дорон методот спонтано се специјалните техники кои се користат на часот и позитивниот потик. За повеќе Хелен Дорон методот прочитајте овде.

game

Учење низ забава и игри без мака

Не очекуваме да децата проговорат на една година, но веќе после таа возраст децата почнуваат да изговараат зборови и фрази. На возраст од година ипол до две очекуваме од нив да го повторуваат онаа што го слушаат или пак дури да спонтано зборуваат на часовите. Децата се внимателни и креативни, тие не го користат мајчиниот јазик, бидејќи за комуникација им е доволно да го повторат онаа што се го научиле и секако, разбрале на часот. Го анализираат онаа што го слушат и сами создаваат нови реченици. Вакви реакции се очекувани и во склад со концептот на часот, кој е заснован на игри и активности на аглиски јазик. Не се практикува постојано повторување на истото што го слушаат. Не е поенатата учителот да каже “The cat is here” и децата да повторуваат “The cat is here”. Децата морат да видат и да ја разберат ситуацијата и да ја опишат што е во прашање. Зборовите им се познати, структурата им е позната, така да без размислување, со голема леснотија зборуваат, баш затоа што е во прашање игра и забава. Малите групи во кои работиме, позитивниот потик и учењето преку игра и забава се трите од четири елементи на нашата докажана методологија. На следниот блог Хелен Дорон ни зборува за четвртиот елемент на методологијата позадинското слушање на материјалите. Оваа е вториот дел од одговорот на прашањето Како Хелен Дорон методологијата им помага на децата да зборуваат флуентно?

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 10 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476