Македонија
 

Проценете ги способностите на вашето дете (0-2 години) за учење на англискиот јазик дури и ако лично не го познавате истиот

Задоволство ни е да ви Helen_BLOG3_SM-222x125ги прикажеме повеќето од коментарите на форумот и шансата да се учи од едукаторот и научник по лингвистика, Хелен Дорон. Хелен ги учи децата веќе 30 години. Таа е основачот и главен извршен директор на едукативната група Хелен Дорон и креатор на единствената методологија за учење на англискиот јазик,
математика, фитнес и развој на доенчиња со помош на оригинални материјали за учење. Овонеделното прашање на форумот гласи:

Како родителите можат да ги постават темелите за рано учење на јазик и да оценат што нивното мало дете ( на возраст до 6 години) учи во центарот за англиски јазик?

Одговорот на Хелен е следниов :

Ова е интересно прашање бидејќи не сите родители зборуваат англиски јазик но всушност сите сакаат да знаат дека нивното дете го учи истиот. Бидејќи децата на возраст од 0-6 години располагаат со огромен спектар на способности, ќе започнеме со родителите на децата од 0-2 години и како тие можат да ги постават темелите за рано учење, да најдат разни програми за рано учење на англискиот и да оценат што нивното дете учи. Во периодов што следува, на нашиот форум ќе продискутираме за тоа како родителите на децата на возраст од 2-4 и 4-6 години можат да одредат што учи нивното сопствено дете.

Учењето започнува од првиот ден

Првите години од раѓањето на децата го претставуваат темелот на нивниот понатамошен раст и развој. Како и колку добро децата учат и се поврзуваат со другите околу нив зависи од нивните секојдневни искуства кои претходно ги имале во животот. Започнувајќи од првиот ден, со држењето на бебето, пеењето, нишањето, клатењето и хранењето, децата се подготвуваат за нивното понатамошно учење. Истражувањата покажуваат дека овие рани искуства играат главна улога во способноста на детето да расте здраво и биде подготвено за учење. За време на првите три години од животот на секое дете, доаѓа до најдраматичниот развој на мозокот со што децата се стекнуваат со способноста да зборуваат и размислуваат разумно. Науката отиде чекор напред и откри дека бебињата реагираат според тоа како се третирани од страна на другите околу нив, при што се испуштаат хемикалии кои имаат влијание врз структурата и правилното функционирање на мозокот. Овие искуства не се стекнуваат за време на школскиот период или при одењето на курсеви туку се стекнуваат уште од дома. Дали му пеете на вашето дете? Дали вклучувате движења и игра? Овие активности се многу важни за понатамошниот раст и развој на секое дете.

_URB1204

 

 

Како се одвива учењето

Секое бебе се раѓа со милиони мозочни клети. Секоја мозочна клетка има додатоци, таканаречени дендрити, кои понатаму се разгрануваат се со цел да се сврзат со другите мозочни клетки. Местата на кои се поврзуваат мозочните клетки се нарекуваат синапси. Кога електричните сигнали патуваат од една мозочна клетка до друга, тие поминуваат токму преку овие синапси што се наоѓаат помеѓу мозочните клетки. Кога синапсите се стимулираат повторно и повторно, тој модел на нервна врска останува цврсто вкоренет во мозокот. Понатаму тој претставува важна патека која им овозможува на сигналите постојано и брзо да се испратат до точните мозочни клетки. Знаеме дека врските помеѓу мозочните клетки се развиваат како резултат на повторливи и позитивни искуства кои родителите ги имаат со нивните деца. Родителите имаат долготрајно влијание врз развојот на мозокот на нивното дете.

Доследноста е клуч

 

Кога децата растат во лесно предвидлива средина со сите потребни услови, тие стануваат свесни дека можат да им веруваат на нивните родители кои ќе им ги исполнат сите потреби. Кога родителите секогаш им возвраќаат на децата со љубов и нежност, во случаи ко
га се гладни, плачат, им се спие или се расположени за игра, кај децата се развива чувствот
о на безбедност. Ваквата доследност треба да биде дел и од останатите активности на децата како и при раното учење на јазик. Ако родителите одлучат да
пронајдат програми за рано учење на англискиот јазик за нивните деца на возраст од 0-2 години, тие треба да бараат програми засновани на ефективна и конзистентна методологија. Првите години од животот на децата се основата за нивниот понатамошен раст и развој и што тие ќе научат во овој период, зависи пред се од искуствата кои децата ги стекнуваат секојдневно.
Успехот на програмата наменета за деца на оваа возраст зависи од конзистентноста односно доследноста и емоционалната поврзаност која им помага да ја стекнат довербата која им е потребна за учење. Научно е докажано дека децата кои добиваат многу љубов и внимание учат подобро. Во позитивното поткрепување и посветеното внимание всушност лежи основата за успешно учење.

video

 

Проценка на учењето

Најповолните програми за изучување на англискиот јазик за деца и доенчиња го вклучуваат и родителот. Во идеални услови, децата го изучуваат јазикот со помош на нивните родители при што родителите се во тек со тоа што нивното дете го учи. Но ова не е секогаш така. Доколку родителите не се наоѓаат во училницата, тогаш како тие можат да проценат што и колку добро учи нивното дете? Родителот не смее да праша: “Како се вели на <некој збор од македонскиот јазик> на аглиски јазик?”  Тоа е така затоа што малите деца уште не се способни за превод. Најчесто тие всушност не знаат ни што тој збор значи на нивниот мајчин јазик. Во некои случаи, децата го учат англискиот јазик уште пред да го научат сопствениот мајчин јазик. Во текот на моето триесетгодишно искуство на развивање на програми за изучување на англискиот јазик кај деца и доенчиња, дојдов до заклучок дека најефективна евалуација на процесот  на учењето се постигнува доколку ги земеме во предвид следниве прашања: Дали децата се задоволни од програмата и од самите себе? Дали им се забавни активностите?  Дали ги пеат песните? Едноставно кажано, ако децата се ангажираат, значи учат.

 

Учење во согласност со сопственото темпо на децата

Некои родители можеби ќе се обидат да ги тестираат нивните најмали, но на возраст од 0-2 години тоа нема да донесе никаков успех. Доенчињата и децата едноставно не извршуваат наредби. Децата учат на различни начини и со различно темпо. Но што е најважно, сите учат. Родителите можат да се чувствуваат сигурни знаејќи дека нивното дете е на правиот пат кон совршено учење на англискиот јазик, при што се зголемуваат способностите на децата и се раѓа љубов кон учењето. Лингвистичките програми кои ги развив и раниот детски развој и едукација се проследени со природен прогрес. Така, кај децата од најмала возраст не е потребно да се мери колку го научиле јазикот бидејќи ним секој миг им е исполнет со учење со што се подразбира дека секако ќе научат англиски. Мозокот на децата е така направен постојано да учи и впива нови знаења без притоа да биде подложен на притисок и стрес. Дозволете му на вашето дете да ужива во учењето па така заедно со способноста да зборува англиски ќе се развие и неговата самодоверба. За повеќе информации за курсот Најдобриот почеток на бебињата и другите Хелен Дорон курсеви за деца и доенчиња посетете ја веб страната www.HelenDoron.com

 

За Хелен Дорон

Во 1985 година, Хелен започна со свој мал домашен бизнис и создаде единствена методологија со оригинални материјали. Нејзините курсеви зедоа голем замав и нејзиниот бизнис рапидно се прошири кога Хелен во својата методологија вклучи и други учители, обука на учители и додатни програми засновани на нејзината ексклузивна методологија на креативност и самоизразување. Се воведоа и нови дисциплини како математика, финтнес и развој на доенчиња кои заедно беа групирани под името Едукативна Група Хелен Дорон.  Едукативната група Хелен Дорон стои на чело на иновативните системи за едукација и истата овозможува ексклузивни програми за учење на англискиот јазик и квалитетни едукативни материјали за бебиња, деца, адолесценти и тинејџери од целиот свет. Едукативната група Хелен Дорон е една од најголемите едукативни групи која работи на принцип на издавање франшизи во целиот свет, располагајќи со 90 мастер франшизери и повеќе од 880 едукативни центри распространети во 35 држави, на 5 континенти и целосни програми за градинка во Турција и Јужна Кореа.