Македонија
 

ПРЕМНОГУ ЗАФАТЕНИ ЗА ЧИТАЊЕ КНИГИ?

Моето прво бебе сакаше да чита од самото раѓање. Затоа, беше изненадувачки за мене кога второто бебе не престануваше да мрда и бега додека се читаше книга. Сега, тој има три години и сака да чита книги исто колку и неговата постара сестра!

baby-crawling-on-letter-mat_TS_177547806
Ако вашето бебе негодува да чита, еве неколку препораки:

1.Движете се!

Скокањето и танцувањето можеби наизглед изгледаат како споротивни на периодот на тивко читање, но тоа е само нешто што го убедува активното бебе дека читањето е забавно. Постојат голем број на книги кои опишуваат движења ( мрдни со прстињата, скокај како зајче). Станете и демонстрирајте ги описите во книгата. Не постои причина бебињата да седат мирно за време на читањето приказни.

2. Смејте се на глас!

Читањето не мора да биде сериозно. Правете смешни фаци, користете различни гласови, чукнете за да означите ритам, кикотете се на смешни делови, и раскажувајте ја радоста кон читањето на вашето бебе.

3. Изберете материјал кој одговара на возраста.

Сигурно се сеќавате колку многу ја сакавте ”Алиса во земјата на чудата“ кога бевте дете  – но, тоа е премногу за повеќето бебиња. Дури и бебињата со широк фонд на зборови ќе наидат на проблем со следење на приказните. Така, изберете книги со многу рима и забавни звуци за да им го освоите интересот. Исто така, долгите сликовници може да бидат напорни за малите бебиња. Генерално, книгите со дебели страници се соодветни за нив, бидејќи можат да се спротивстават на погруб допир од бебе.

4. Ослободете се од страниците.

Како возрасни, логично е да очекуваме да започнеме од првата страна и да продолжиме да читаме се до крајот. На децата им е нов целиот концепт на ”книга“ и затоа може да ја гледаат како играчка. Истражувајте ја книгата. Отворете ја, затворете ја, превртете ја. Препрочитајте ја истата страна 10 пати доколку вашето бебе постојано свртува на истата. Опишете ги илустрациите. Поставувајте прашања иако знаете дека тоа не може се уште да одговори. Тргнете ја книгата настрана ако бебето сака да престане да чита или сака да чита некоја друга…иако не сте завршиле со читање на првата книга. За среќа, тоа е со години далеку од извештаи и оценки за книги и налепници за страниците кои ги прочитал. Читајте тоа што тоа сака да му се чита, дури и тогаш кога тоа е читање на името на авторот дваесет пати. Не заборавајте, читањето не се само книгите!

5. Направете го читањето посебно.

Развијте ритуал за читање со вашето мало. Гушкајте се и уживајте. Вашето бебе веројатно нема да ги памети тие први книги, но тој ќе цвета во вашето внимание и ќе го поврзе истото со задоволството при читањето.

На крајот, не го присилувајте детето да чита. Наметнувањето на книги или инсистирање на сериозен тон, може само да придонесе за негативен ефект. Само продолжете да читате и да поминувате квалитетно време со своето бебе и ќе инспирирате доживотна љубов кај него за читањето.

И бебињата сакаат книги! Дознајте како и колку долго да им читате на вашите новороденчиња, овде.

___________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476