Македонија
 

ПРЕКУ ЧИТАЊЕ НАУЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА ДА ЈА ПОЧИТУВААТ ПРИРОДАТА

“Јас, како вљубеничка во природата и детски библиотекар, обожавам книги за зачувување на природата, загрозени видови, и како треба да се однесуваме кон нашата планета.” –Аманда Вилер

Да им читате на своите деца е многу важно за нивниот јазик и за развивање на нивната писменост. Читање книги за природата и како да се грижиме за неа е исто така многу важно. Еве листа на неколку книги пријателски ориентирани кон природата кои треба да ги прочитате:

1.“The Lorax” од Др. Сус е книга која ни покажува колку е убава природата и колку лесно можеме да ја уништиме доколку не внимаваме. Исто така ни кажува како можеме да направиме разлика доколку се потрудиме.

2.“Roly Poly Pangolin” од Ана Дјудни: Оваа книга е одличен начин децата да се едуцираат за малку познато животно. Воедно панголинот е едно од најшверцуваните животни во светот.

3.“My Little Planet” серијал од Чарлс Гигна. Во овој серијал на Чарлс Гигна има четири книги од кои секоја се занимава со различна тема од природата. Една од моите омилени работи за овие книги е тоа што на крајот од секоја има дел со активности кои можете да ги правите со вашето дете. “Little Seeds” е за тоа како се сади семето и како расте. “Recycling is Fun” е за различните материјали кои може да се рециклираат и како да рециклираме. “We Need Water” е за тоа каде може да најдеме вода и колку е таа важна за нас. “Pick Up The Park” e за уживањето додека сме надвор и зошто е важно да ја одржуваме природата околу нас чиста.

4.“Buried Sunlight” од Моли Бенг и Пени Чисхолм: Оваа книга е многу интересна и се занимава со контраверзната тема за фосилни горива и нивното влијание врз Земјата. Исто така одлично објаснува од каде доаѓаат фосилните горива и за што се употребуваат.

Untitled design

Сите овие книги се сликовити и се на различно јазично и читачко ниво, но мислам дека се доста интересни и добри да се споделат со вашите деца за тие да научат за природата и влијианијата (позитивни и негативни) кои тие ги имаат врз неа. Многу е важно додека децата се се` уште мали да ги запознаеме со важноста на природата и нејзината убавина. На овој начин ќе дознаат за сите прекрасни работи што се случуваат во неа и како можат да делуваат да ја заштитат кога ќе бидат возрасни.

Посетувајте ги локалните библиотеки  за нови и интересни книги, бидејќи користењето на библиотеки ја смалува потрошувачката на хартија и е само по себе добро за зачувувње на природата.

Читањето на глас е од особена важност и значење бидејќи со тоа на вашите деца им давате оснва за успех! За повеќе, кликнете овде.

________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476