Македонија
 

Правила на Наградна игра

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА

ЧЛЕН 1: НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ТРГОВСКОТО ДРУШТВО

Организатор на наградната игра со име „Бест Старт Еду ДОО” Струмица, со седиште на ул. Браќа Миладинови бр19/18, 2400 Струмица (во понатамошниот текст Организатор на наградната игра).

ЧЛЕН 2: УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ ЗАРАДИ ЧИЕ РЕКЛАМИРАЊЕ СЕ ПРИРЕДУВА НАГРАДНАТА ИГРА

Цел на наградната игра организирана од Бест Старт Еду Доо е рекламирање на услугите на Helen Doron English, поточно на Helen Doron методот.

ЧЛЕН 3: ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Името на наградната игра е „СОНОТ НА МОЕТО ДЕТЕ”. Наградната игра на Helen Doron ќе се одвива на територијата на Р. Македонија. Вкупниот број на наградите што ќе бидат доделени е 3. Победниците од наградната игра ќе имаат можност да станат заштитни лица на Helen Doron и ќе добијат бесплатна професионална фотосесија со 12 фотографии.

За да учествуваат во наградната игра, учесниците потребно е да прикачат фотографија од своето бебе која потоа ќе биде објавена на нашата официјална страна за наградната игра каде посетителите ќе можат да гласаат која слика е најкреативна и најиновативна. Наградната игра „СОНОТ НА МОЕТО ДЕТЕ” започнува од 01.09.2016 и ќе трае до 20.9.2016.

ЧЛЕН 4: ТЕРИТОРИЈА

Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Македонија.

ЧЛЕН 5: РЕКЛАМИРАЊЕ

Наградната игра ќе се рекламира на во електронските медиуми, односно на официјалната веб-страница на Helen Doron www.helendoron.mk и на официјалната фејсбук-страница на Helen Doron Makedonija  www.facebook.com/HelenDoronEarlyEnglishMacedonia/ и на други медиуми.

ЧЛЕН 6: УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица постари од 18 години што во периодот за времетраењето на наградната игра ќе прикачат фотографија на нашата веб страна која потоа ќе биде поставена во галеријата за гласање од страна на посетителите. Децата на фотографиите треба да бидат до 3 годишна возраст. При прикачување на фотографијата, потребно е да се пополнат основните информации за лицето кои зема учество во наградната игра, како Име и Презиме, Телефон и Email. Правилата на наградната игра, начинот и условите за учество во наградната игра, како и нејзиното времетраење, приредувачот ќе ги објави на својата веб страна http://www.helendoron.mk

ЧЛЕН 7. ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра ќе започне на 01.09.2016 и ќе трае до 20.09.2016 Во текот на времетраењето на наградната игра, гласовите на фотографиите ќе бидат транспарентни при што секој посетител ќе има можност да види кои слики имаат најмногу гласови. По завршување на наградната игра, ќе се пребројат гласовите на фотографиите и ќе се објават победниците.

ЧЛЕН 8. ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА

Имињата на добитниците на наградите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на Helen Doron http://www.helendoron.mk и на официјалната фејсбук-страница на Helen Doron Makedonija www.facebook.com/HelenDoronEarlyEnglishMacedonia/, во рок од 3 дена од завршувањето на наградната игра.

ЧЛЕН 9. ОДГОВОРНОСТ

Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Организаторот БЕСТ СТАРТ ЕДУ ДОО. Организаторот ќе биде одговорен до целосната реализација на наградите, односно до подигнувањето на наградите или најдоцна по 30 дена од денот на објавувањето на добитниците. Организаторот нема никаква одговорност што може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќањето штети или тужби што на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.

ЧЛЕН 10. ПРЕКИНУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра од причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинувањето преку соопштение во медиумите.

ЧЛЕН 11. ПОТЕНЦИЈАЛНИ СПОРОВИ

Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежни се соодветните судови во Струмица.

ЧЛЕН 12. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРАВИЛА

Сите учесници се обврзани со правилата на наградната игра. Сите заинтересирани може да добијат копија од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на БЕСТ СТАРТ ЕДУ ДОО Струмица. За дополнителни информации учесниците може да се јават на телефонскиот број 071 24 24 76 секој работен ден од  10:00 до 16:00 часот, во периодот од 01 септември  2016 година до 25 септември 2016 година.