Македонија
 

Помош! Моето дете учи втор јазик и ги меша, зошто ?

Helen_BLOG3

Хелен Дорон одговара на прашањето: Моето двегодишно дете почна да учи англиски како втор јазик и гo меша англискиот со нејзиниот мачин јазик. Понекогаш таа ги користи и двата јазици во една реченица. Дали е ова нормално? Треба ли да ја поправам?

Хелен одговара: Без грижи, мешањето е сосема нормален дел од јазичниот развој на билингвалните деца. Всушност, користењето на зборови од еден јазик додека зборува на друг јазик, познато како code switching, е нормален, природен резултат од билингвалното  учење на јазици.

Прво мора да разбереме како децата учат јазик и следно, како тие интегрираат дополнителен јазик, или јазици во нивната комуникација.

Првите три години се клучни

Во првата година, бебињата ќе си играaт со звуци, мрморење и ќе почнат да формираат зборови. Најчесто, до возраста од 18 месеци, тие ќе изговараат едноставни зборови и ќе именуваат работи како “мама”, “дада”, “чао”, “здраво”. До возраста од 2 години, речникот на малите дечиња е веќе побогат па тие ќе почнат да составуваат кратки реченици со два или три збора како “готов /а сум” или “сакам уште” или “Каде е Мама”. До третата година, просечното дете ја има основата за неговиот мајчин јазик и околу 90% од граматиката ја користи правилно.

Овие се многу општи насоки, при што секое дете учи да зборува со негово темпо. Некои деца чекаат да прозборат дури не се повозрасни па тогаш почнуваат да изговараат целосни реченици. Во зависност дали вашето дете учи еден јазик или повеќе, запомнете дека клучот за учењето јазик е да разговарате со вашето дете. Брзината на развивање на речникот кај децата е поврзана со количината на разговор на која се изложени. Колку повеќе разговор е насочен кон малите деца, толку побрзо тие ќе научат нови зборови!

Многу често ги слушам родителите: “Но таа уште не може да зборува! Која е поентата да и зборуваме нејзе толку многу?” Секогаш сум мошне изненадена кога го слушам тоа – а го слушам дури и од учители и високо образовани луѓе понекогаш. Очигледно, основниот принцип во збогатувањето на јазикот кај децата останува: ИНПУТ = РЕЗУЛТАТ. Тоа значи колку повеќе разговор слуша детето и што побогат е разговорот, заедно со количината на разговор, толку повеќе детето ќе учи. Бидејќи малите деца се многу, многу паметни. Тие се програмирани да слушат јазик, да го анализираат врз основа на фрекфенција и конзистенција на изложување, па да го репродуцираат штом е дешифриран. Значи, само разговарајте со вашето дете. Многу. Со колку што можете побогати информации: рими, книги, песни, разговарање и тн. Само разговарајте.

Истиот процес важи и за децата што учат два јазици

Би се прашале, зошто детето да учи англиски како втор јазик на толку мала возраст? Во некои фамилии, родителите може да имаат различен мајчин јазик па така детето се запознава со втор јазик уште од раѓање. Понекогаш дадилка или некој што се грижи за детето зборува друг јазик или пак фамилијата ќе одлучи да го прати своето дете на ран англиски курс или во градинка каде се зборува само англиски јазик. Било која да е причината, искористете ја оваа можност да го запознаете вашето дете со втор или трет јазик. До возраста од 7 години, децата можат да научат друг јазик со иста леснотија како што го учат мајчиниот јазик. Всушност, истражувањата покажуваат дека кога дете учи втор или трет јазик, тоа станува дел од неговите невронски патишта и се создаваат области за процесирање на јазици во неговиот мозок.”

Симултано јазично збогатување

Кога детето се запознава со друг јазик на многу рана возраст (од раѓање до 3 години) ова се нарекува симултано јазично збогатување. Ова значи дека детето го учи вториот јазик во исто време додека го учи својот мајчин јазик. Иако би помислиле дека процесот на учење јазик кај двојазични деца е различен, овие деца поминуваат низ истите развојни фази како децата кои учат еден јазик. Всушност, овие деца имаат и дополнителна предност што нивните мозоци се поподготвени за учење – колку порано толку подобро.

До неодамна, пристапот кој се препорачуваше за родители кои имаат билингвални деца беше наречен “една личност, еден јазик”, или OPOL пристап според кој единствениот правилен начин за растење на билингвално дете во мултилингвална фамилија е секој родител да зборува само еден јазик со детето; двата никогаш не смеат да бидат измешани. (Ronjat, 1913). Теоретичарите најпрво расправаа дека поврзување на секој јазик со различна личност е единствениот начин да се спречи билингвалните деца да бидат збунети. Поновите истражувања се спротивставија на овој пристап и препорачуваат дека децата се способни за разликување на различни јазици, дури и да се зборувани од истата личност, па децата ќе можат да научат да ги разбираат и зборуваат двата јазика без забуна. Др. Патрициа Кул, познат истражуват од Институтот за учење и мозочни науки при Универзитетот во Вашингтон, открила дека овие способности се појавуваат од самото раѓање. Таа тврди, “Бебињата се родени како “жители на светот” и можат да го научат било кој јазик лесно и дека бебињата под 8 месеци од различни култури можат да препознаат звуци во било кој јазик од цел свет.”

Мешање на  јазиците

Често, додека детето го учи својот мајчин јазик, е запознаен со втор јазик, тој меша зборови од двата јазика. Бидете сигурни дека оваа игра со јазици е сосема во ред и развојно прикладна. Вашето дете не е збунето, тоа си игра и ги истражува звуците и користењето на јазикот. Децата ќе се осознаат самите забавувајќи се со јазикот и code-switching всушност се смета за клучно при интегрирањето јазици..

Како лингвистички научник со 30 годишно искуство во креирање и развивање на англискиот како втор јазик (ESL) педагошки материјали, воочив дека кога јазикот треба да се вклопи во правото место кај детето, тој се вклупува. Јазикот е потреба. Ако детето бара нешто тоа ќе побара и брзо ќе научи кој јазик да го користи за да го добие тоа.

Значи, кога родителите слушат јазична игра и кога го слушаат детето како ги меша нивите јазици, тие не треба да го обесхрабруваат детето, наместо тоа тие треба внимателно и природно да бидат пример со коректниот јазик на сосема истиот начин како што би направиле и со мајчиниот јазик на детето. На пример, ако детето каже, “mommy goed” родителите можат да вратат со, “Yes, mommy went.” со што на внимателен начин ќе се поправи детето. Детето ќе ја впие оваа информација и ќе го научи точниот збор. Една од најголемите грешки што може да ги направат родителите е да бидат критични и премногу да го корегираат детето. Наместо тоа, дозволете им да слушнат како вие зборувате, охрабрувајте и поддржете ги и гледајте како цветат додека стануваат билингвални – или дури мултилингвални.