Македонија
 

ПОЗАЈМИ, РАЗМЕНИ или ДОНИРАЈ КНИГА

YH_Facebook-Cover
Helen Doron English секоја година на глобално ниво организира кампањи со кои помага во подигнувањето на свеста кај јавноста за различни проблеми со кои се соочуваме и на кои треба и можеме да влијаеме. Годинава кампањата Young Heroes е под мотото Readers are Leaders и има за цел на децата да им го приближи читањето и да ги запознае со магичниот свет на книгите.

Читањето е супер моќ со која можат да научат многу но истовремено и да направат големи промени на подобро – што е пријателство, кои се вистинските вредности во животот, како да бидат подобри луѓе….
За таа цел во Хелен Дорон Центар беше изработена библиотека во која учениците можат да читаат книги додека чекаат на паузите меѓу часовите.
Текот на кампањата ќе се одвива со разни активности во неколку фази, а првата е можност децата да позајмат книга од нашата школска библиотека или да донесат книга за размена.

За размената на книги ќе биде поставен посебен дел во кој ќе бидат поставени книги со кои ќе може да се направи трајна размена, откако ќе донесат книга која сакаат да ја сменат. Размената е трајна и ќе се врши само на одредени книги поставени во посебно обележан дел.
Исто така можете само да се донираат книги кои повеќе не ви се веќе потребни, а ние ќе ги подариме во некое училиште или установа каде имаат потреба од комплетирање библиотека.

За децата кои се уште не знаат да читаат ги охрабруваме родителите, бабите, дедовците, тетките… да изнајмуваат во нивно име книги и да им ги читаат на децата. Тоа е и можност да се поминат пријатни мигови исполнети со многу љубов и добра книга.

За највредните читатели следува подарок.

This slideshow requires JavaScript.