fbpx
 
 
Македонија
 

Писмо со поддршка до нашите родителите од г-ѓа Хелен Дорон

Драги родители,

Сите ние во Helen Doron Educational Group ве мислиме и ве поддржуваме во овие тешки времиња, со многу регулативи и препораки за заштита од коронавирусот. И јас лично работам во домашен карантин, откако се вратив од странство.

 Продолжуваме да ја следиме ситуацијата ширум светот и сме свесни за тешката ситуација со која сега се соочувате. Можам само да замислам колку може да биде ограничувачко и загрижувачко. Можеме само да се надеваме дека, и покрај некои песимистички предупредувања, дека тоа ќе заврши наскоро.

Во моментов сме присутни во 38 земји кои ми се особено драги и блиски до срце. Една од нив е и вашата прекрасна држава Македонија, која имам планови да ја посетам и лично се запознаам со големиот број на прекрасни наши ученици и родители.

Како извршен директор, основач и развивач на едукативните програми на Helen Doron English, останувам вклученa во надгледување на сите програми за да се обезбеди конзистентност на квалитетот. Покрај педагошки аспект, на нашите часови се учи англиски јазик, грижејќи се за благосостојбата на детето. Во нашата едукација, ја потенцираме вредноста на грижата за другите и за заедницата; учиме да ги цениме животната средина, животните и природата, додека ја истакнуваме  важноста од здрав начин на живот и избор на здрава храна. Затоа љубезно ве замолуваме да ги почитувате препораките од вашата Влада и Министерство за здравство, со цел да се заштитите себе и другите околку вас.

Ние сме посветени да продолжиме да го обезбедиме најдоброто можно образование за нашите деца, доведувајќи ги Хелен Дорон часови во вашиот дом.
Helen Doron English компанијата си постави приоритет да реагира брзо и јасно на тековната состојба, така што семејствата, наставниците и училишните центри можат да продолжат со квалитетно учење. Создадовме квалитетно решение за учење преку Интернет, со кое ние се осигураме дека нивото на квалитет, интерактивност, ангажираност и забавно останува исто, како што секогаш сте го искусиле.

Ито така, оваа е одлично време, додека сте дома, да му ги пуштите на вашето дете песничките и видео епизодите, кои ги изучуваме на часовите. Ве подсетуваме, потребно е двапати на ден да се слушаат аудио и видео материјалите, за совршено усвојување на англискот јазик на вашето дете. Helen Doron Stream апликацијата ви овозможува пристап до вашите  Хелен Дорон аудио и видео материјали од сите паметни апарати ( телефон, таблет или компјутер), каде и да сте.

Но, забавата дома не завршува овде. Топло ве охрабруваме да ги користите сите наши онлајн едукативни апликации и алатки:

· Helen Doron Song Club

· Helen Doron Kangi Club www.kangiclub.com

· Teen Buzz Radio https://www.teenbuzz.co/

· Helen Doron Jump with Joey App

· Helen Doron Fun with Flupe Magic Wand App

· Helen Doron Read App

Од целото  Хелен Дорон семејство, се надеваме дека ќе останете безбедни и со добро здравје.

Со почит,

Хелен Дорон