Македонија
 

Подготовка за читање

DSC_8894
Зборовите “читање” и “пишување “ најчесто асоцираат на слики од деца на училишна возраст кои седејќи во клупа ги вежбаат овие вештини преку насоките на учителот. Затоа, ако имате мало дете, можеби мислите дека изучувањето на овие вештини треба да го оставите за периодот кога вашето дете ќе тргне на училиште, а учителот ќе го води на патот до описменување.

Но, дали знаевте дека постојат многу вештини кои децата треба да ги научат пред да почнат да читаат и да пишуваат. Тие се наречени вештини на рано описменување.
многу истражувања покажале дека децата кои развиваат посилни вештини на рано описменување, поверојатно е дека ќе имаат поголем успех во училиште.
малите деца најдобро учат за описменувањето преку разговори и интеракција со своите родители околу нештата поврзани со писменоста кои ги интригираат во секојдневниот живот. На пример, малите деца учат за писменоста кога нивните родители им покажуват испечатени зборови на кутијата со житарки, им ја читаат нивната омилена приказна, заедно пишуваат список за пазарување, или рецитираат стихотворби.

Што се вештини на рано описменување ?

Овој термин се однесува на знаењето кое поставува основа за понатамошното изучување на читање и пишување. Постојат пет рани вештини кои децата треба да ги развијат пред да тргнат на училиште:
Конверзација – способноста на вашето дете да зборува и да го разбира јазикот ќе му помогне да го разбере и да размислува за тоа што подоцна ќе го чита.
Вокабулар – истражувањата покажале дека бројот на зборови кои ги употребува детето во градинка може да ja предвидат неговата способност да научи да чита. Ова е поради тоa што колку повеќе зборови знае детето, толку полесно ќе научи нови зборови и полесно ќе ги разбира речениците и приказните кои ги чита.
Разбирање на приказни – знаењето на буквите и нивните звуци не е од голема помош доколку вашето дете не го разбира значењето на приказната. Овозможувајќи му на детето повеќе можности да ги слуша и разбере приказните , му го олеснувате патот до самостојно читање и пишување приказни.
Текстуално познавање – Пред да почне детето самостојно да чита и пишува, треба да е свесно за тоа како функционира текстот. На пример, детето треба да разбере дека текстот е составен од букви, дека секоја буква има свое име, дека читаме од лево кон десно, и дека текстот може да се сретне на многу места ( знаци, книги, списанија, етикети на пакувања, на iPad и сл.)
Свесност за звуците – Ова значи да биде свесно дека говорот може да се подели во помали сегменти – т.е. говорот може да се раздели на зборови, кои понатаму може да се разделат на слогови и посебни звуци. Свесноста за звуците ја вклучува и врската буква-звук, што овозможува знаење дека буквите означуваат одреден звук. Децата со поголема свест за звуците најчесто стануваат најдобри читатели и писатели.