Македонија
 

Пет посебни книги за посебни деца

Мајим споделува дел од книгите кои сака да ги чита заедно со своите деца.

Имам посебни деца. Сигурна сум дека секој би го рекол тоа. Сите деца се посебни, нели?  Но… некои повеќе од другите.

Мојот постар син е многу посебен. Многу е мудар. Тој е талентиран пијанист и виолинист. Има неверојатна смисла за хумор и има дарежлива душа. Тој е многу мило момче. Мојот помал син исто така е многу посебен. Започна да пее пред да почне да зборува. Ја чувствува музика како да е искусен композитор. Го разбира осветлувањето и перспективите како уметник чии техники јас никогаш не би можела да ги научам. Тој е посебен на многу други полиња кои не би сакала да ги откријам јавно, затоа што сакам да ја заштитам неговата приватност. Но, тоа што сакам да го споделам е тоа дека ние откривме неколку книги кои специфично ја објаснуваат посебноста на сите деца, и тие книги му помагаат на нашето семејство  да го разбереме сето тоа.

Овие книги не се означени како книги за аутистични деца или ASD деца (спектар на аутистички пореметувања), туку тие се книги кои опфаќаат многу аспекти од посебноста кои водат до повеќе значајни разговори, значајни прегратки и значајни сознанија за нашите идентитети, нашите предизвици но и за нашите дарби.

Untitled design (8)

Ова се книгите на кои им се навраќаме повторно и повторно и кои им помагаат на моите синови да сфатат колку сме сите посебни.

  • „Зошто сум различна?” од Норма Симон

Напишана е во 1976 со едноставни илустрации и претставува едно уникатно откритие кое пораките ги пренесува многу ведро. Низ поголемиот дел, книгата ги истражува разликите помеѓу децата без дополнителни коментари. Децата се запознаваат со различни вештини, различни видови на семејства, различна храна. Се дискутира за алергии, за збунувачките чувства што се јавуваат кога се споредуваат себеси со другите. Се спомнуваат многу етнички групи и посвојувањето е уште една тема која е различна и дискутирана. Фактот е дека претставувањето на разликите го прави ова особено емотивно; на крај најважно е да се заклучи дека иако постојат разлики, во принцип тие се исти.

  • „Носорогот кој голтнал бура” од ЛеВар Бартон

Левар Бартон (актер, режисер, автор) има богата историја за работа со деца и оваа книга е совршена за децата кои имаат емотивни предизвици како потешкотии да се справат со големите чувства. Носорогот е вознемирен и се чувствува како да има цела бура во него. Тој мора да научи како да ја испушти бурата – со солзи и да си олесни со цел да ја смири таа бура. Оваа книга прави разлика во чувствата на децата и затоа нас многу ни се допаѓа. Пораката не е само „помини преку тоа“; напротив, пораката подучува како мозокот и и телото ги процесираат емоциите и ги посочува придобивките од искажувањето и споделувањето на емоциите.

  • „Баш како тебе“ од Роберт Крупа

Оваа книга ја раскажува приказната за слаткото пријателство помеѓу глувото глувче и пајакот без една нога. Тие двајца се исмејувани затоа што се различни, но кога тие ќе ги предупредат сите во нивната заедница за шумскиот пожар што тие први го почувствувале, ќе почнат да бидат ценети за нивните разлики. Илустрациите во оваа книга се прекрасни, а текстот се римува во двостих. Ги сакаме карактерите на животните и пораката е совршена за малечките деца.

  • „Измислениот Фред“ од Оин Колфер

Измислениот Фред е пријателот на осамените деца. Тој се жали дека децата на кои им треба, без исклучок престануваат да имаат потреба од него и тој посакува да дојде денот кога ќе запознае дете на кое никогаш нема да му се смачи и кое нема да престане да го бара. Неговата желба се исполнува и тој запознава момче кое се вика Сем. Сем ќе го запознае Фред со нов начин на почит и вреднување. Ова е навистина неодолива книга за деца кои имаат бујни фантазии комбинирани со стравовите од растењето и отуѓувањето од магичните работи од детството.

  • „Фредерик“ од Лео Лиони

Не прашувајте зошто овие две книги се со името Фред кое воедно е и името на моето мало момче. Тие едноставно се со тоа име. Оваа класична книга од 1967 ја пренесува приказната за глушецот кој функционира различно од сите други глувци. Тој одбива да собира жито за зимата, наместо тоа тој собира зборови и слики. Сите мислат дека тој полудел, но кога деновите стануваа долги и досадни, и кога зимскиот лед пристигна, зборовите и поезијата на Фредерик ги расположуваа сите. Оваа книга претставува возвишување на разликите и укажување дека може да бидете сакани за се што можете да споделите и да приложите.

Кога бев дете, моите разлики беа доста болни за мене, но со тек на време сфатив дека баш тие разлики беа моите вредности. Се надевам дека книгите кои им ги читате на вашите посебни деца ќе ги охрабрат да прифаќаат, да водат живописни разговори, и да ценат колку е важно да имаш смисла за хумор за своите посебни одлики и разлики.

Постојат неколку начини како да се поттикнат добри навики за читање кај децата, дознајте повеќе на овој линк.

___________________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476