Македонија
 

ПЕТ ЗАБАВНИ НАЧИНИ ЗА УЧЕЊЕ АНГЛИСКИ ОВАА ЛЕТО

blog

Лето. Времето како да минува побавно додека на децата им е досадно, а вие барате начини како да им биде интересно. За време на летниот одмор, има многу време за пополнување. Време за релаксација и забавување. Време за стимулирање на нивните мозочиња и надоградување на знаењето што е акумулирано за време на учебната година – или да започнете со нов предизвик кој би имал и задоволство и едукативен бенефит. Независно дали сте во кола, во чекална, или едноставно барате начини како да им биде интересно на вашето дете, ние сме овде да помогнеме. Искористете ги овие пет одлични начини за вашето дете да учи англиски ова лето, специјално креирани од педагошки експерти и лингвистички научници –  а пред се, уживајте!

11

Пејте песни. Доколку сеуште не ги знаете песните од Helen Doron Song Club, слушнете ги сега. Помалите деца обожаваат да пеат заедно со песните од Song Club. Звуците се привлечни, зборовите се едноставни и видеата се многу забавни. Пеењето е одличен начин за децата да го доживеат јазикот природно. Тие не се фокусираат на граматика или структура на реченицата, тие едноставно учат англиски. Со секоја нова песна што ја учат, тие го зголемуваат нивниот вокабулар. Тие го учат значењето на песната гледајќи ја приказната што се прикажува на екран. Има многу повеќе корист од детските рими отколку што навидум изгледа. Римите ги учат децата за интонација (начинот на кој јазикот се зборува) и за фонолошката структура (начинот на кој зборовите звучат). Додека некои три годишни деца се свесни дека зборовите се составени од одделни звуци, некои не се свесни за тоа. Колку повеќе децата се изложени на детски рими, толку повеќе стануваат свесни за начинот на кој звуците се создаваат. Поголемата свест кај децата за слогови и римувани звуци значи и полесно учење на читање во понатамошниот живот.

2

Играјте игра. Се сеќавата на игрите за правопис, каде зборовите се учат преку механичко повторување на зборови, повторувајќи ги како папагал додека не се врежани во вашата меморија? Воопшто не е забавно. Токму затоа Kangi Club им помага на децата да го усовршат својот англиски преку играње разновидни забавни игри со Џои, Диди Змејот, Флупе и пријателите. Секоја игра им помага на децата да го вежбат својот англиски вокабулар преку различен предизвик. Детето слуша како зборот се изговара правилно и го поврзува со соодветна слика. Поврзувачки игри, мемориски игри и други го надоградуваат нивниот вокабулар преку структуирана игра. Нималку не изгледа како домашна работа. Забавно е!

3

Забавувајте се со Флупе. Како и со секој јазик, учењето на правилниот изговор е клучот до ефективна комуникација. Бидејќи англискиот не е фонетичен јазик (не постои директна врска помеѓу правописот и звукот), многу зборови не се изговараат како што се пишат. Fun With Flupe е апликација лесна за користење и забавен начин за запознавање на малите деца со англискиот јазик, преку слушање како зборот правилно се изговара, гледаат како зборот правилно се пишува и ја гледаат релевантната слика, која им помага да го запомнат. Дури и децата на возраст од две до пет години можат лесно да ги научат нивните први зборови на англиски со Fun with Flupe апликацијата. Едноставно кликнете и учете. Започнете  да се забавувате со Fun With Flupe во Google Play или iTunes. Доколку уживавте со апликацијата, можете да дознаете повеќе за Флупе и неговите пријатели и да ги следите нивните авантури овде.

flupeapp

4

Научете да читате. Замислете децата да учат да читат чекор по чекор, во нивното време и со нивно темпо. Тоа е возможно со Helen Doron Read апликацијата, дизајнирана за деца на возраст од пет до девет години. Интерактивните ликови ги држат децата вклучени во активностите преку кои уживаат во приказните. Со Helen Doron Read апликацијата, децата го слушаат зборот како правилно се изговара, го гледаат точниот правопис и можат да го повторуваат зборот или реченицата повторно и повторно. Нема полесен начин за учење нов вокабулар, преку кој се гради самодоверба и мотивација.

Helen Doron Read е внимателно структуиран во осум нивоа, со четири збирки на приказни на секое ниво. Првите три збирки на секој рафт се читај-ми приказни. Приказните се читат наглас додека читателот следи. Четвртата збирка овозможува децата да вежбат читање, користејќи го вокабуларот од приказните што се претходно прочитани. Опцијата за снимање им овозможува на децата да се снимат самите себеси додека читаат приказна и потоа да се слушнат себеси. Helen Doron Read апликацијата овозможува децата да вежбат читање во било кое време и на било кое место. Симнете ја Helen Doron Read апликацијата од Google Play или iTunes и почнете да учите да читате уште денес.

RW

5

Целодневно радио. Приклучете се на забавата со слушање на радио станицата на Helen Doron English за тинејџери. Од моментот  кога Битлси ја преминаа звучната граница, музиката е голем здружувач насекаде низ светот. Не е важно дали живеете во Будимпешта, Берлин или Бангкок, денешните супер групи свират музика што ги надминува културните бариери. Helen Doron Teen Radio емитува чиста популарна музика што тинејџерите ја сакаат. Музиката е искомбинирана со емисии за муабетење и забавни сегменти како Чудни Вести, Озборување за славните личности и Спорт – доволно едноставно за тинејџерите што учат англиски, преку поттикнување на проширување на нивните хоризонти. Колку повеќе слушат, толку повеќе се подобрува нивното слуховно разбирање. Превземи ја апликацијата од Google Play или iTunes.

radio