fbpx
 
 
Македонија
 

Откријте како да одгледате среќно и успешно дете?

Емоционалната интелигенција претставува знаење за она што го чувствуваме во служба на сопствените чувства за донесување на одлуки во животот.

Важноста на интелектуалната интелигенција е преценета наспроти важноста  на емоционалната интелигенција. Ако интелектуалната интелигенција  е навистина она што е потребно за успех и среќа, тогаш зошто постојат луѓе кои со понизок коефициент на интелигенција, водат посреќен и поуспешен живот со од оние со висок коефициент?!

Веќе осознаваме дека не е единствено важно да се пронајди и изоди патот, туку е еднакво важно како ќе се носиме со предизвиците и препреките на тој пат. Имаме развиена контрола на емоциите во ситуации кои не ни се допаѓаат и создаваме конфликти или имаме способност мирно да ги решиме и смириме разбрануваната вода?

ЕИ претставува способност на добро управување со самиот себе при различни расположенија и способност на контрола на сопствените нагони. Тоа значи да се стекне вештина, да се остане мотивиран и инспириран ,полн со надеж, да се бара решение и тогаш кога доживуваме неуспех или тотален крах на патот на достигнување на некоја цел.

Вештината на управувањето со самиот себе се учи и развива од најмала возраст, преку вежби и активности, пред се преку стекнување на знаење на кој сме и што сме, во однос на самите себе, па потоа во однос на другите. Преку ЕИ се развива емпатија, способност за препознавање на туѓите чувства и соживување на истите. Тука спаѓаат и социјалните вештини, способноста за добра комуникација со другите луѓе, управување со емоциите во односите, развивање на способност на уверување и водство на другите.

Како да се развие емоционална интелигенција кај детето?

Кој ја развива?

Што примарно треба да знаеме?

Од каде да почнеме?

Пред  се ‘ почнуваме од себе како родители и внимателно ги избираме активностите од најмала возраст во кое сакаме детето да учествува.

 

1.Бидете модел на емоционална личност

Децата учат преку примерите пред се’ во семејството и секој онај кој е во непосредна близина. Тие ги копираат однесувањата, изразите, начинот на кој се справуваме со ситуациите,како реагираме на успех или неуспех. Ако родителот вика, разговара со висок тон, истото тоа го практикува и детето.

  1. Научете на детето да му кажете НЕ

Секое  НЕ во одредена мера, кога детето сака одговорот да биди ДА, активира нервоза, разочарување, фрустрација, бес, лутина емоции кои детето треба да научи да ги контролира и да развива толеранција. Не да ги потиснува, тука да ги препознава и знае да ги искаже.

Доколку децата добиваат се’ кај нив се зголемува чувстовото на презадоволеност, неинспирираност, не ги спознааваат  чувствата кои родителите свесно избегнуваат да им ги предизвикаат и стануваат нивни робови. Најчесто слушаме…да не плаче детето…ќе се разбесни  и.т.н. На овај начин ја поттиснуваме ЕИ и не и даваме да расте.

3. Развивајте одговорност

Вклучувањето на детето во секојдневните обврски е првиот чекор кон градењето на одговорноста кон себе и другите.Тоа најчесто треба да го започнеме со давање инструкции кои се лесно разбирливи за детето и се извршуваат заедно со родителите во најрана возраст.

Собирањето на растурените играчки во место предвидено за тоа е чекор кој детето може и треба да го научи од најмала возраст. Колку побрзо се започне со воведување на детето во активности за себе, толку побрзо и полесно ќе ја гради својата самостојност а сотоа и својата самодоверба.

4. Слушајте ги децата

Кога децата зборуваат потребно  е активно да ги слушаме со цел да ги разбереме и зависно од тоа да ја дадеме соодветната насока. Со слушањето може многу да научиме занивната состојба, потреби и развој.

5. Препознавање на сопствените и чувствата на детето

Искажувајте ги чувствата кога сте среќни и задоволни и кога сте  лути . Само така детето ќе успее да ги препознава своите емоции и ќе се охрабри да ги искажи, што претставува еден чекор напред кон осознавање наистите.Не ги пренесувајте предрасудите дека момчињата не плачат, а девојчињата дека се кревки и  незаштитени.  Ќе бидат такви какви што ќе ги поттикнете да бидат.

6. Вежбајте трпение кај децата

Вежбите за трпение кај децата се секогаш добродојдени .Ако детето нешто сака не купувајтеим го веднаш туку понеколку дена и покрај тоа што можете да си го дозволите.  Истрајте и останете смирени доколку реакцијата е бурна и гласна. Тоа е копчето кое детето го уклучува кога сака да добие нешто а вие сте го научиле кога ќе добие нешто….ако плаче на пример. Процесот може да биде долг и предизвикувачки, но зависи од Вашата упосрност и доследност на тоа  што ќе го кажете.

Ние во Хелен Дорон, го поттикнуваме развојот на емоционалнта интелигенција и ја негуваме. Преку различни техники и методи ги учиме децата како да ги изразуваат своите емоции, како да постигнат емоционалн баланс и тренираме како да бидеме секогаш над дадената ситуација, за да може да ја препознаеме и на едно свесно ниво процесираме.

УПИСИТЕ се во тек!

Закажете бесплатен ДЕМО час и запознајте се одблиску со нашата уникатна методологија.
Пријавете се во Хелен Дорон училишниот центар најблиску до вас:

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Veles – 075 300 304
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242476
Helen Doron Kocani – 071 314 499