Македонија
 

Осум причини зошто бајките се од особена важност за детството

“Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни – читајте им бајки, ако сакате да бидат уште поинтелигентни – читајте им повеќе.”  – Алберт Ајнштајн

3082841f1a4ebb77349206de6107ab6b--magic-book-children-books (1)

1.Бајките ги учат децата како да се справуваат со проблеми

Ние учиме од ликовите во приказните, дури и како возрасни. Ни помагаат бидејќи ги поврзуваме со нашите животи, соништа, стравови и размислуваме како ние би постапиле да сме на нивно место. Бајките ги учат децата како да справуваат со животот. “Бајките не им раскажуваат на децата дека змејовите постојат. Децата тоа веќе го знаат. Бајките им раскажуваат дека змејовите можат да бидат победени.” Г.К. Честертон

2. Бајките градат емоционална жилавост

Бајките ни претставуваат реални животни прашања во фантастично сценарио каде најчесто главниот лик победува. (Освен во оригиналите на браќата Грим.) Децата треба во позитивно опкружување да откријат дека лоши работи му се случуваат на секого. Бидејќи погодете што? Никој во животот не е поштеден од предизвици – па затоа кај децата треба да се гради способноста да се соочат со нив. Дали ние ги зајакнуваме емоционално  нашите деца така што тие ќе можат да издржат во тешки периоди или ги засолнуваме, штитејќи ги, оставајќи ги толку беспомошни да не можат да се справат со ништо за што е потребна сила?

3. Бајките не описменуваат со заеднички јазик (Културна писменост и правила)

Нил Гејман пишува, “Се запознаваме со бајките како деца, преку раскажувањата и пантомимата. Ги впиваме. Знаеме како се развиваат.

4. Бајките ги преминуваат културните граници

Многу култури делат исти бајки како Пепелашка, со нивен личен културен печат. Ги читаме различните варијанти и знаеме дека сите ние делиме нешто важно, потребата да се осмисли животот со приказна, и надежта дека доброто ќе го победи злото.

5. Бајките не учат на приказна

Бајките не учат да ја разбереме основата на приказната – опкружувањето, ликовите и содржината (како напредува дејството, кулминацијата и крајниот исход) како и да правиме разлика помеѓу белетристика и научна литература. Кога детето еднаш ќе ја разбере приказната, го оспособува понатаму да ги предвидува и да ги разбере другите приказни што ги чита.

6. Бајките ја развиваат детската фантазија

“Кога се испитувам себеси и моите начини на размислување, доаѓам до заклучок дека способноста да фантазирам ми значи многу повеќе од било која способност за апстрактно, позитивно размислување.” – Алберт Ајнштајн

7.Бајките им овозможуваат на родителите да развијат кај децата вештини за критичко размислување

Јас апсолутно ја мразам Малечката сирена од Дизни. Девојка која го напушта својот живот за момче е глупост и не е никаков позитивен пример за моите ќерки. Дури и оригиналната верзија прикажува слаба жена која умира за мажот – не ми се допаѓа. (но барем се соочува со последиците!)

Но! Тоа не значи дека нема да им дозволам на моите деца да ја прочитаат приказната за сирената. Заштитувањето нема да им ги развие вештините за критичко размислување на моите деца. Туку изложувањето на приказната и разговорот потоа! (Можеби и неколкуте извици од погорните седишта.)

8. Бајките ни даваат лекции

Искористете ги бајките за да ги научите децата одредени работи како и морал. Што може да научите од Златокоса? Или од Пепелашка или од Џек и волшебното гравче?

Па, дали се бајките премногу страшни за децата?

Понекогаш.

Мора да ја земете во предвид возраста на детето и во која фаза од развојот се наоѓа. Нема да му ја читаме на двегодишно дете оригиналната верзија на Златокоса каде принцот е ослепен и крвав бидејќи детето секако тоа нема да го разбере. Искористете го вашето лично расудување како родител. Дозволете му и на вашите деца да расудуваат – самите ќе ви кажат дали мислат дека приказната е премногу страшна или не. Мора да го земете во предвид и периодот од денот кога ќе им читате бајки. Некои бајки не е баш препорачливо да се читаат пред спиење. Па, читајте ги на пладне! Само немојте да им ги забранувате бајките засекогаш само затоа што се страшни или политички несоодветни. Лесно можете да пронајдете модифицирани верзии кои би  одговарале повеќе за вашето дете и вашето семејство.

Кои се Вашите размислувања за бајките?

Кои бајки Ви се омилени?

“Иако ние во денешно време ги сметаме бајките како приказни наменети за многу мали деца, ова е понов став по ова прашање. Во усната традиција, приказните со магија ги слушале подеднакво и младите и старите, додека литературните бајки (вклучувајќи ги повеќето бајки кои се познати денес) биле првично објавени за возрасни читатели сé до 19 век ” – Тери Виндлинг

Дознајте повеќе за Helen Doron English глобалната кампања Young Heroes која го истакнува читањето како супер моќ и го доближува тој магичен свет на книгите до децата покажувајќи им колку тоа може да биде забавно, на овој линк.

_____________________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476