Македонија
 

Одбележан Денот на ретки болести

28555497_1592002927562797_1180354845_o

Во Хелен Дорон Центар, беше одбележан денот на ретките болести.
Ретки болести се болести кои влијаат на мал број на луѓе во споредба со општата популација и посебни проблеми се јавуваат поради нивната ниска фреквенција. Во Европа, болеста се смета ретка, ако таа влијае на 1 во 2.000 луѓе.
Постојат илјадници ретки болести. До сега се откриени шест или седум илјади ретки болести, но и нови болести редовно се опишуваат во медицинската литература.
Во областа на ретките болести има недостаток од медицински и научни сознанија.За поголемиот дел од ретки болести не постои лек, но соодветен третман или медицинска нега може да го подобри квалитетот и должината на животот на пациентите. За некои болести веќе е постигнат значаен напредок, што укажува на тоа дека не смееме да се откажеме и дека напорите во областа на истражување и социјалната солидарност по прашањето на ретките болести мора да се зголеми.
Една од тие ретки болести е конгенитална мускулна дистрофија, со која се бори нашата ученичка Ива Хаџиманова. Оваа болест е животно загрозувачка и се‘ уште нема лек за неа. Со цел да и ја изразиме својата поддршка за Ива и сите деца кои се борат со други ретки болести, како и да придонесеме во подигнувањето на јавната свест за ретките болести, се приклучивме во годинешната кампања за одбележување на 28ми февруари Денот на ретки болести.
Повозрасните ученици изработија постер на кој со темперни бои направија отпечатоци од своите раце додека помалите ги исшараа лицата со линии во боите на логото под кое се одвива годинешната кампања.

viber 0