Македонија
 

Обојте го вашиот свет – Кои се придобивките од боењето

Сетете се на деновите кога лежевте на подот со вашата боенка и кутија полна разновидни боици. За кратко, бевте само вие и боенката пред вас. Избиравте која боја. Одлучувавте која боја прво да ја употребите. Внимателно го боевте делот кој го избравте. На крај, конечно завршивте. Ви текнува на тоа чувство на сатисфакција кога трчавте да го покажете вашето уметничко дело на некој од вашите најблиски?

Боењето е многу позабавно од само забавна активност која нуди часови креативно изразување, туку е и многу важен дел за нивниот развој. Еве зошто.

Од Око на Рака

Кога децата почнуваат да бојат, нивните очи напорно даваат наредби за нивните раце и прсти каде да одат. Боењето е одличен начин за подобрување на око-рака координацијата, што може многу да влијае врз обојувањето и пишувањето. Боењето со една рака додека ја држите боенката во другата рака ја развива би-латералната координација.

Развивање мускулна сила

Моторните способности се многу важни за развивање мускули. Потребен е труд да се држи боица и да се обојува боенката. Додека обојуваат, децата вежбаат држење алатка за пишување, подобрувајќи ја силата на раката и учат колку сила треба да употребат за да нацртат потемни или посветли сенки. Не само што ја ојачува раката, туку го ојачува и рамото исто така.

Ова е одлична подготовка за кога ќе треба децата да совладаат потешки моторни способности како пишување.


Можеби ќе ве интересира:


Вежбање на мозокот

Наизглед, боењето изгледа како многу релаксирачка активност. Сепак тоа гради когнитивни спсобности – основни способности како размислување, фокусирање и концентрирање кои мозокот ги користи за спроведување најразлични активности. Додека обојуваат, децата препознаваат бои, линии и облици. Препознавањето форми е првиот чекор при читањето и математиката.

Одлуки, одлуки

Боењето е добар начин да ги научите вашите деца да планираат пред време. Тие може да гледаат слика во боенката и да одлучат каде да почнат, која боја да ја употребат за секој дел и да посветат внимание кон детали. Чувството на сатисфакција кога имаат обоено цела страна и ја имаат завршено задачата е многу мотивирачко и ќе ги охрабри да нацртат уште една – и уште една!

Помеѓу редови

Боењето листови им помага на децата да научат за граници. Едноставно кажано, остануваат во редовите. Ова е корисно кога учат да пишуваат. Освен што создава чувство за структура, остава и простор за креативност. Дајте го истиот цртеж на различни деца и ќе видите колку нивните карактери доаѓаат до израз во боите кои тие ги избираат и како тие обојуваат.

Кој е тој збор?

Боењето нацрти кои имаат и зборови нуди можност да се почне со разговор. Ајде да го земеме за пример едно од најобожаваните животни во светот, кучето. Прашајте дали сакаат кучиња. Што сакаат кај кучињата. Што сакаат да прават кучињата. Кои други животни ги сакаат тие? Дали може да именуваат други животни кои почнуваат на буквата “к”?

Боењето не е само забавно, тоа поттинува и конверзација, ги учи децата за светот околу нив и им помага да развијат некои од најважните способности додека го прават тоа.

Научете повеќе за боите со Helen Doron Song Club на YouTube