Македонија
 

Ние смe тоа што го јадеме – Smart Chefs работилница со Ана Азгур во Хелен Дорон Скопје- Центар

We are what we eat или во превод „Ние сме тоа што јадеме“ беше темата на предавањето кое се одржа во петокот во Хелен Дорон Скопје – Центар училишниот центар со што се означи стартот на вториот дел од кампањата „Smart Chefs“ .

15285040_2039737889585996_4163679888559297722_n

Нашите ученици од програмата Paul Ward and Treasure со големо внимание го следеа часот во текот на кој од Ана Азгур, сопственичката на ресторанот за здрава храна „Сурово и вкусно“ дознаа многу интересни информации за тоа како треба да се хранат здраво:

– Денот да започне со појадок, најдобро зелено или овошно смуди, кое ги содржи сите потребни витамини и дава енергија за целиот ден.

– Освен главните оброци во текот на денот задолжителни се две ужинки од овошје или некој суров здрав десерт.
– Да се избегнуваат шеќери, газирани пијалаци, вештачки произведена храна и брза храна.
– Редовно да ги читаат етитектите на храната кога ја купуваат – што покуса етикета, тоа е поздрава храната.
– Вистинската храна доаѓа од природата, расте во градината, се користи свежа и сезонски.
– Здравата храна има кус рок на траење. Што е подолг рокот на употреба тоа храната е понездрава.
– Најдобри грицки се сушено овошје, јаткасти плодови, свежо овошје и некои зеленчуци (кои можат да се јадат свежи)
– Вистинската храна нема потреба од додатоци, таа е додаток и нема етикета и т.н.

По завршување на предавањето учениците заено со Ана подготвија овесни плочки, кои се одлични како појадок, десерт или ужинка. Еве ја и рецептата за сите кои сакаат да ја пробаат

– 200 г овесни снегулки
– 100 г непечени бадеми
– 10 урми
– 2-3 лажици ленено семе
– 2-3 лажици сусам
– малку цимет
– неколку лажици органско какао
– агаве сируп

Урмите се киснат во вода да омекнат и се лупат. Во процесор за храна се мелат овесните снегулки да останат како брашно. Им се додаваат урмите, бадемите, семињата, циметот и какаото, па се блендира. На крај се додава агаве сируп за да се поврзе смесата и да може да се обликуваат разни форми – бомбици, плочки… Може веднаш да се конзумираат.

Вака тоа изгледа приготвено од малите вредни рачиња.

07


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.