fbpx
 
 
Македонија
 

На нашите патувања со Далија се чуствуваме посигурно, бидејќи Далија одлично зборува англиски јазик и веднаш запознава нови другарчиња

Helen Doron English е светски бренд, лидер во детската едукација, застапен во над 40 држави ширум светот. Како докажан бренд секогаш се грижиме за високиот квалитет на едукација која децата го добиваат, резултаите и знаењето кое го стекнуваат кај нас. За таа цел постајано правиме евалуација на стекнатото знаење, но и сме во постојан контакт со родителите за да го знаеме и нивниот став. Денес разговаравме со Мерсиха Смаиловиќ хуманитарна работничка, активист за човекови права и активистка за еманципација на муслиманската жена. Мерсиха е мајка на Далија наша Хелен Дорон ученичка во Хелен Дорон Чаир училишниот центар. Еве како Мерсиха ни го опиша нејзиното искуство со Хелен Дорон едукацијата на нејзината 7 годишна ќерка Далија.

Mersiha

За ХЕЛЕН ДОРОН, прв пат слушнав во летото 2017-та, кога, како и повеќето родители баравме  за нашите деца корисно поминување на летниот распуст. Клучните моменти кон барањето ми беа корисно знаење, забава и достапност. Летната школа од месец дена, кога и започна нашето патување со Хелен Дорон, беше најкорисното поминато време тоа лето.

Далија како 5 годишно девојче со голема брзина ги научи основите на англискиот јазик, што беше видливо при нашиот летен одмор следниот месец таа година. Денес, нашето патување низ Хелен Дорен кое трае 2 години, изобилува со нејзино познавање на англискиот јазик на солидно ниво, но забавниот момент на учење и помогна да ја смени перцепцијата за учењето, и знаеме да се шегуваме и да велиме: Learning can be fun (Учењето може да биде забавно).

При нашите патувања надвор од Македонија, сите се чувстуваме посигурно. Ние како родители знаеме дека Далија ќе може да си најде другарчиња за дружење зошто го знае литературниот англиски јазик, а и таа е среќна што запознава пријателчиња од целиот свет и може да комуницира со нив.

Она што Далија истотака го доби од Хелен Дорон искуството, е друштвениот аспект. Далија оди во Хелен Дорон Чаир училишниот центар и дечињата таму се од разни етникуми, каде што не само англискиот јазик, кој го усовршија, туку во меѓусебната комуникација со дечињата научија и зборови од другите јазици, како албанскиот, турскиот, македонскиот и др. Прекрасен е тој микро свет кој го имаме таму во Хелен Дорон училишниот центар, каде што сите деца се еднакви, на часот се зборува 100% на англиски јазик, а учителките се толку посебни што сите го зборуваат универзалниот јазик на љубовта. Сега, едвај чекаме и помалата сестричка на Далија да се придружи на ова големо Хелен Дорон семејство.

 

Хелен Дорон Македонија ве поканува на бесплатен ДЕМО час заедно со вашето дете да се запознаете со уникатната Хелен Дорон методологија.

Пријавете се во Хелен Дорон училишниот центар најблиску до вас:

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Veles – 075 300 304
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242476
Helen Doron Kocani – 071 314 499