Македонија
 

Најдобриот почеток за вашето дете – Baby’s Best Start

 

BTS 2

Helen Doron English ви ги претставува најубавите,  уникатни и единствени програми за бебиња и деца од 3-24 месеци Baby’s Best Start и Toddler’s Best Start за мали деца од 1 – 3 години.
Овие програми  му го даваат најдобриот почеток на вашето дете. Програмите содржат 6  курсеви во една програма:
– Англиски јазик и развој на говорните и комуникациски способности,
– Физички развој,
– Ментален развој,
– Музика
– Развој на сензорика,
– Социјален развој

 

Преку овие курсеви се стимулира целосниот ментален, физички и когнитивен развој на детето, во пријатна и стимулирачка средина во која се зборува единствено на англиски јазик. На тој начин бебињата го апсорбираат англискиот јазик и го учат на ист начин како мајчиниот јазик, природно и забавно. Децата кои ја посетуваат оваа програма прозборуваат на два јазика. Градењето на два јазични системи во текот на раното детство стимулира развој на поголем број на мозочни синапси кои се одговорни за искористување на мозочниот потенцијал и развој на поголеми ментални вештини.

BBS 6 in 1
Овој програм е наменет за децата и нивните родители. На часовите се присутни децата заедно со нивните родители, со што им се нуди можност да имаат интересни заеднички активности кои ја подобруваат врската помеѓу родителот и детето, а од друга страна му помагаат на детето да развие поголема сигурност, самодоверба и самопочит. Активностите кои се изведуваат во текот на часовите се специјално дизајнирани да го зајакнатат детето како од физички аспект, така и од емоционален. Часовите се исполнети со многу музика и песни кои се содржат специјално избрани ритам, рима и текст. Нашите песни опфаќаат многу музички стилови, ритмови и мелодии од ширум светот со цел да му го збогатат сетилното искуство на вашето бебе.

Во овој програм се воведени и бебешките знаци ( baby sings) кои на бебињата им помагаат многу во комуникацијата и изразувањето на своите ставови, желби и емоции во периодот додека да прозборот. Оваа е од особено важно за развојот на детето во тој преиод бидејќи слабото изразување и разбирање на потребите и емоциите на детето од страна на родителот предизвикува фурстрации и лоши емоции кај децата кои сеуште не прозборале. Ќе бидете фасцинирани колку е лесно да комуницирате со вашето дето и да се разберете, после инструкциите и техниките кои ќе ги совладете на нашите часови, кои ги водат специјално обучени Хелен Дорон учители. Овој програм ги стимулира децата пробрзо да прозборат како на мајчиниот јазик, така и на англиски јазик подеднакво добро. Преку активностите за социајлизација и развој на комуникациски вештини, тие учат техники на комуницирање и подобро себе изразување.
Оваа е само мал дел од тоа што го нуди овој фасцинантен програм. Развој и стимулација на вестабуларниот систем кај бебињата, развој на моторика, координација, рамнотежа, мозочни вежби, визуелизација, креатвиност, логика, научување на англискиот јазик како мајчин јазик, развој на пред – читачки вештини (pre-reading skills) … има уште многу, но оставаме на вас заедно со вашето дете да ги откриете доколку ни се приклучите на оваа доживотно искуство.

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 14 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Veles – 077 587 419
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476
Helen Doron Gevgelija – 071 242 476