Македонија
 

Научниците кажуваат зошто децата се одлични во учењето јазик

IMG_1599_2
Научниците конечно најдоа објаснување зошто децата се супериорни во учењето нови јазици. Со користењето магнетна резонанца и анимациска техногологија во проучувањето на детскиот мозок, истражувачите открија дека децата не ги обработуваат информациите поврзани со јазиците во ист дел од мозокот како возрасните.

Различните зони во мозокот контролираат различни функции од нашиот организам и когнитивни способности. Автоматизираните мозочни функции, нештата кои ги работиме речиси без размислување, доаѓаат во делот од мозокот наречен „длабоко моторичко подрачје“. Децата во тек на учењето јазик го користат токму овој фундаментален дел од мозокот, па новиот јазик брзо им станува природен. Наспроти тоа, кај возрасните лица кои учат втор или трет јазик, доаѓа до поинаква мозочна активност. Можноста за складирање информации и вештини во длабокото моторичко подрачје на мозокот е најголемо во раното детство (пред 7 година), а по 18 години, речиси да исчезнува. Поради тоа возрасните мораат информациите да ги складираат во поактивните делови од мозокот. Последица на тоа е дека возрасните најчесто речениците ги обликуваат во мајчин јазик, а потоа збор по збор ги преведуваат, наместо како децата автоматски да ги замислуваат во друг јазик. Дури и лицата со високо образование во друг јазик, стекнато на повозрасни години, кои својот говор го сметаат за автоматизиран, на невролошко ниво функционираат потполно различно од децата.
Истражувањето за невролошката подлога на учење јазик докажува дека раното учење странски јазици кај децата помали од 7 години е многу корисно.
Но, што е со уште помалите деца, кои не го имаат научено мајчиниот јазик? Истражувачите кажуваат како едноставното учење звуци и нагласоци од други јазици кај бебињата може да биде корисно, дури и ако не добиваат целосно подучување од странскиот јазик. Учењето на овие звуци во подоцнежниот живот од невролошка гледна точка е многу потешко. Во Helen Doron Early English, децата од 3 месеци до 14 години, учат во мали групи од 4- 8 деца за секоја група, добиваат големо индивидуално внимание и имаат големи можности да се истакнат во својата група од забавни и нови пријатели.