Македонија
 

Моќта на јазичната исхрана

shutterstock_778031638

Истражувањата покажале дека најголем предвесник за академскиот успех на децата не е социо-економскиот статус, нивото на образование кај родителите, семејните финансии, етничката припадност, туку квалитетот и квантитетот на зборовите кои му се изговорени на бебето во првите три години од раѓањето

Раното детство е најважниот период за развој на говорот, вклучувајќи го разбирањето и зборувањето на мајчиниот јазик. Говорот му овозможува на детето да комуницира и контактира со другите луѓе, а воедно тоа го поттикнува неговиот социјален и когнитивен развој и е предуслов за подготовеност да тргне на училиште и се описмени. Невралните врски за совладување на јазикот се формираат целосно пред раѓање и бебињата се способни да примаат и реагираат на звуци уште во 24та гестациска недела, така што кога ќе се родат тие се веќе подготвени да учат јазик. Најголем развој на мозочните синапси за изучување на јазик се случува на возраст од шест месеци. А тие сè повеќе ќе се развиваат ако бебето е правилно стимулирано.

Раното изложување на богати конверзации на релација возрасен – дете е основата на „јазичната исхрана“ (language nutrition). Или поедноставно кажано, како што здравата храна му помага на бебешкото (и детското) тело да расте и се развива јазичната исхрана му помага на бебешкиот мозок да расте и се развива. Квалитетот и квантитетот на таа јазична исхрана, исто како здравата храна, е критичен за правилниот развој на мозокот.
Богата вербална комуникација меѓу возрасен и дете започнува уште по раѓањето и има дирекно влијание на социо-емотивниот и когнитивниот развој како и на развојот на вокабуларот и писменоста.

Влијанието на интеракцијата возрасен – бебе (и дете до 3 години) на развојот на бебешкиот и детскиот мозок е неспоредлив во било која друга фаза од развојот, бидејќи ова е периодот кога се формираат невроните – врските кои ја прават структурата на мозокот и основата на која подоцна се надоградуваат сите други учења, однесувања … – тврдат научниците од центарот за ран детски развој при Харвард универзитетот.

А колку порано се почне со развој на говорот тоа ќе му овозможи на детето поголем капацитет за учење. Во текот на првите три години од раѓањето на детето, мозокот поминува низ најдраматичен развој и формира најмногу неврони, односно мозочни врски. Неправилниот пристап во овој период доведува до негативни влијанија на развојот на мозочната структура, а тоа подоцна се одразува кај децата со заостанување во нивниот развој и учење.

Квалитетот на врските кои детето ги формира со возрасните во текот на животот влијае на многу аспекти во детскиот развој – интелектуални, социјални, емоционални и физички – и создава добра основа за солидни развојни резултати.

Најважен момент во овој развоен процес е комуникациската размена меѓу бебињата и нивните родители. Бидејќи бебињата не можат да зборуваат кога ќе се родат, нивната комуникација се одвива преку контакт со очите, изрази на лицето, плачење, смеење, допирање и друго.
Раното изложување на мајчин или странски јазик дава одлична основа за развој на когнивните способности, писменост, подготвеност за во училиште и подоцнежни образовни достигнувања. Многу се важни квалитетот и квантитетот на зборовите кои бебето ги слуша бидејќи така се збогатува неговиот речник и тоа подоцна има големо влијание на неговите достигнувања во школо, интелегенцијата и воопшто животните достигнувања.

Јазичната исхрана е употреба на јазикот односно вербална комуникација, која е богата со интеракција, квалитет, квантитет и контекст, што му овозможува на детето добар невролошки, социјален и лингвистички развој. Таа е ефективна на било кој јазик. Родителите во билингвалните семејства треба да го зборуваат со детето јазикот кој за нив е полесен за употреба, односно со кој се чувствуваат конфорно додека го зборуваат, без разлика дали е македонски, англиски или друг јазик. Така детето ќе го збогатува својот вокабулар и правилно ќе ги изучува јазиците. Многуте научни истражувања докажуваат дека зборувањето повеќе од еден јазик има големи бенефити врз многу аспекти на развојот кај децата вклучувајќи го и когнитивниот.
Квалитетот на релацијата која децата ќе ја формираат со возрасните во својот живот влијае на сите аспекти од детскиот развој – интелектуален, социјален, емоционален, физички и создава добра основа за здрав ментален развој, подобро решавање на конфликти, самодоверба, саморегулација и мотивација да учат. Најважното при овој развоен процес е комуникациската размена меѓу децата и родителите или други возрасни. Со нејзе:
– возрасните прво ги поттикнуваат јазичните размени со бебињата, а подоцна бебињата почнуваат да бараат интеракција преку гугање, изрази со лицето и гестови, додека возрасните одговараат т.е му возвраќаат на бебето со вокализирање и гестови.

– мозочните синапси се создаваат и зајакнуват, а со тоа придонесуваат за подобар развој на комуникативните и социјалните вештини. Во отсуство на таков одговор или ако одговорот е несоодветен, недоволен, структурата на мозокот не се формира како што е очекувано, што доведува до можни проблеми во однесувањето и учењето.

Преку постојано повторување и богата вербална интеракција со бебињата, родителите имаат долгорочно и сигурно позитивно влијание врз развојот на бебешкиот мозок. Ова рано изложување на богати вербални интеракции е базата на јазичната исхрана.