Македонија
 

Мотивирајте го детето да учи

HDE_Student Recruitment_Facebook Post.PNG_150817_vers 1 (1)

За да го разберете недостигот од мотивација кај децата, мора да го разберете основното правило – кога децата не се лути и обесхрабрени, сакаат да ги прават нештата на вистинскиот начин. Сакаат да ги заслужат вашето признание, одборување и да ве направат горди родители. Иако ќе речат дека сето тоа не им е важно, сепак им е.
Децата не се мрзеливи. Можат да бидат фрустрирани, анксиозни или лути, можат да станат разочарани или инаетливи, самокритични или песимисти, и може да немаат доверба во нивната способност. Но никогаш не станува збор за мрзеливост. Тоа општо прифатено мислење , дека децата се мрзеливи, кое е и многу често – а воедно многу деструктивно, доведува до погрешно сфаќање на децата.

Поради тоа често стануваат обесхрабрени што ги води до недостиг на желба да направат нешто, да постигнат успех и да веруваат во себе, па најчесто се откажуваат. Недостигот на мотивација е причинител за деморализација, било да е отворена или прикриена. Наградите и казните имаат некој краткорочен ефект на детските напори да се подобри. Всушност сите сме мотивирани ако дознаеме дека не очекува некаква награда (или казна). Но тоа не дава долгорочни резултати. Тие не можат да ги натераат децата да најдат цел во тоа што го прават.

Како да ги мотивирате децата да го засакаат учењето?

1. Мотивацијата започнува со интерес – каде што има интерес  таму љубопитноста и желбата да се научи повеќе се поголеми. За да ги мотивирате дцата треба прво да ги поддржите нивните интереси и да им помогнете да ги прошират и претворат во проекти и цели. Потоа ќе бидете во подобра позиција да им ја објасните важноста на учењето – зошто е важно да се знае тоа што другите го научиле и постигнале и што можеме да научиме од нив.
Ако било кое дете или адолесцент го прашате за неговите интереси, тие се пресреќни што можат за тоа да зборуваат. Често се заинтересирани за филм, технологија или мода, спорт, музика… И додека покажувате интерс тие со задоволство ќе зборуваат на таа тема и ќе сакаат да го слушнат вашето мислење. Ако станете критични или негативни, ќе го загубите нивното внимание и интерес. Родителите често во желба да им помогнат на децата да се подобрат, го забораваат тој, најважен, аспект во детската мотивација.

2. Најдете го изворот на нивната фрустрација и обесхрабреност – кога децата се обесхрабрени, често велат „го мразам“ училиштето, „мразам„ да пишувам домашни задачи. Или – тоа е толку бесцелно и неважно. По вакви зборови ретко кога ќе се обидете и ќе успеете да разговарате со детето, без разлика колку ќе се трудите. Несоодветно или неправилното внимание и проблемите со учењето се најчестиот извор на обесхрабрување и недоволна мотивација кај децата. За овие деца, пишувањето домашна работа или работењето на училиште е како да трчаат со повредена нога – можно е , иако болно – а тие ќе бараат начин како да ја одложат таа болка и обесхрабувачки потфати. Или можеби ќе истрчаат неколку чекори и потоа ќе најдат причина да застанат.

Зборувањето на децата за важноста на нивните напори и труд, без разлика колку е добронамерно кажано или приговарањето за нивната незаинтересираност за школото, нема да помогне. Децата го знаат сето тоа. Ако им кажете дека треба да се трудат повеќе ќе ги направи само повеќе лути и ќе се чувствуваат несфатени.

3. Охрабрете ги , не ги критикувајте – треба да го признаете секој обид и прогрес (дури и ако ви се чини мал и незначаен) и да изразите доверба во неговиот успех. Ова треба да биде есенцијалното правило во охрабрувањето: Го забележувате секое подобрување, не секоја грешка. Пример треба ви биде Дороти Делеј, учителка по виолина на Исак Перлман и други големи виолинисти во „Џулијард“. Еден од нејзините ученици се сеќава кога работел на усовршување на звукот. Делеј го слушала внимателно додека не ја отсвирел првата правилна нота и тогаш искоментирала „ Е тоа е убав звук“. А потоа објаснила дека секоја нота има прекрасен почеток, средина и крај, кој води до следната нота. А ученикот рекол „Вау, па јас ако можам сега и овде, ќе можам подоцна и секаде тоа да го свирам.“ Ние во Helen Doron English часовите го користиме овој најчин на мотивација кај децата ( Positive Reinforcement ). Затоа што знаеме дека и најмалитот успех мотивира, а мотивацијат носи нов успех.

4. Фокусирајте се на нивните способности – во школо ги учат децата дека е важно да се успее по секој предмет. Во животот нашиот успех зависи од тоа колку сме успешни во една работа. Џорџ Гершвин, американски композитор и пијанист, како дете бил хиперактивен, непоправлив и безнадежен, додека не ја открил музиката.
Дури и децата со значителни проблеми во учењето демонстрираат квалитети кои треба да се извор на нивната внатрешна гордост и основа за нивниот иден успех. Затоа тие треба да бидат препознаени и поддржани.

5. Дајте им време – и на крај, не се откажувајте. Деморализирањето многу брзо се развива и потребно е време децата да ги надминат внатрешните сомнежи и циничното, пркосно однесување. Со тек на време ако не се надмине деморализирањето носи нови разочарувања и фрустрации. Колку повеќе го практикувате, толку повеќе детето ќе биде бунтовно и ќе ви треба повеќе време да го решите проблемот.

Долгогодишната комуникација со родителите ни овозможи да ги запознаеме нивните проблеми и предизвици околу образованието на нивните деца. За таа цел за да им помогнеме на сите родители кои учењето на нивното дете им е приоритет го формиравме Клубот на родители – Helen Doron English кад ешто планираме многу активности за едукација на родителите, како и размена на искуства и идеи.

Со првата активност започнуваме од овој Септември со организирање на едукативен караван низ 5 града во Македонија. На караванот ќе одржиме бесплатни обуки за родители на тема “Станете ПАРТНЕР во едукацијата на вашето дете “. Обуките ќе ги води Весела Богдановиќ најдобрата учителка во Македонија, една од 50те најдобри учители во светот според Varkey. Дознајте повеќе за настанот овде. И побрзајте да се регистрирате. Бројот е ограничен!

vesss