Македонија
 

Младите херои испратија силна порака

Во позитивна и опуштена атмосфера на 13ти Мај, во Паркот на франкофонијата, Скопје, се одржа финалниот настан од кампањата Young Heroes, која ја организираа сите Хелен Дорон центри во Македонија

Helen Doron Young heroes

Helen Doron English секоја година организира интернационални кампањи со цел да ги поттикне учениците да израснат во совесни граѓани кои ќе придонесат за подобар живот во општеството во кое живеат.
Годинава беше промовирана кампањата Young Heroes, која треба да го разбуди внатрешниот херој во секое дете и да покаже дека иако се деца, тие можат да направат мали но значајни промени.
Кампањата се одвиваше во три фази – сонувај, истражи и направи.
Во првата фаза децата ги откриваа проблемите во средината во која живеат и потоа ги споделуваа со своите Хелен Дорон учители на специјално организираните часови.
Нечисти паркови, нерециклирано ѓубре, напуштени миленици, изнемоштени и стари лица кои имаат потреба од помош, како и инклузија на лицата со посебни потреби се само мал дел од идеите кои ги имаа малите, но умни глави.
Тогаш едногласно беше избрана идејата да се придонесе за поголема инклузија на лицата со Даунов синдром, кои за жал сѐ уште се маргинализирани.

Хелен Дорон

Во фазата истражи учениците заедно со родителите и учителите даваа идеи како да се придонесе во реализација на идејата. Buddy Walk, манифестација која од 1995 година во САД традиционално се одржува секоја година е најмасовниот настан со кој се апелира во подигнување на јавната свест за инклузија на лицата со Даунов синдром. На овој настан учесниците без разлика дали познаваат некого со Даунов синдром или не, пешачат 1,5 км. Токму од тука потекна идејата тоа да биде нашиот настан со кој ќе покажеме дека сите сме исти и дека за да си херој не треба да имаш посебна моќ ниту костим.

18519717_10211177641630626_536246779361413636_n

Знаевме дека за да стартува третата фаза – направи  – нема да биде така едноставно и дека се соочуваме со голем предизвик. Но, желбата на нашите ученици, ентузијазмот и посветеноста на учителите и франшизерите да се успее во конечна реализација на настанот беа навистина херојски. По совладувањето на сите препреки, со поддршка од Центарот за Даунов синдром, здружението Трисомија 21 и заедно со нашиот партнер Просветно дело, на 13ти мај сабота, стартуваше нашиот Buddy Walk.

Од Фонтаната во градскиот парк, каде нѐ чекаа нашите ученици, лицата со Даунов синдром, нивните роднини и пријатели, звукот на ѕвончето го означи стартот на прошетката со благородна цел – поголема свесност за потребата од поголема инклузија на овие лица. Реката од луѓе потече низ градскиот парк до тениските игралишта покрај стадионот до Паркот на франкофонијата каде се организираше централниот настан, хуманитарниот хепенинг.
Грени Фикс, Мили и Алберт волшебникот излезени од светот на Хелен Дорон книгите го направија настанот незаборавен. На штандовите се продаваа маички, капи и беџови со логото до настанот  Young Heros и цвеќиња, а парите се собираа во хуманитарни цели. Тука придонесоа и нашите партнери од Просветно дело кои продаваа книги за деца по симболични цени. Песничките од Хелен Дорон курсевите збогатени со кореографијата од нашите учители и ученици ги воодушевија присутните.  Со пеењето на насловната нумера од кампањата Young Heroes се поздравивме од присутнитите и испративме силна порака дека сакаме овој настан да помогне во подигнување на јавната свест дека иако сме различни сите сме исти и заслужуваме исти права.

18447643_1361283460591567_3701486899049989374_n