Македонија
 

Мали херои со големи срца

18493853_10155239636851054_1025699856_o
Кампањата Yоung Heroes ја започнавме пред три месеци, а своето финале го имаше во саботата 13 мај во градскиот парк Скопје.

Хелен Дорон Центар, заедно со другарите од другите Хелен Дорон центри од Македонија, успешно го реализираше настаnoт Buddy Walk, кој е со цел подигнување на јавната свест за поголема инклузија на лицата со Даунов синдром.
Овој настан за прв пат е организиран во 1995 година во САД и оттогаш се одржува традиционално секоја година на над 150 локации со многу настани. Нашиот настан иако се одржа прв пат можеме да се пофалиме дека имаше голем одѕив па освен нашите ученици и родители ни се придружија и случајни минувачи кои ја сфатија моќта на ваквиот апел.

Настанот го збогатија и нашите пријатели од Центарот за Даунов синдром и здружението Трисомија 21.
Поддршка добивме и од Просветно дело кои продаваа изданија од разни детски книги по симболичнни цени, а собраните пари заедно со парите собрани од продажба на маички, капи и беџови со логото на кампањата Yоung Heroes ќе бидат донирани за лица со Даунов синдром.