Македонија
 

Магични книги како интерактивен начин за учење странски јазик

Аугментираната реалност го менува начинот на кој го гледаме светот – или барем начинот на кој нејзините корисници го гледаат светот. Замислете се себеси додека одите или возите по улицата. Со дисплеите за аугментирана реалност, кои евентуално ќе изгледаат многу повеќе како обичен пар наочари, информативни графици ќе се појавуваат во вашето поле на гледање и звукот ќе се поврза со истите информации.

Со оваа нова технологија, наречена аугментирана реалност, се губи разликата помеѓу тоа што е реално и тоа што е создадено од компјутер, преку поизразено прикажување на тоа што гледаме, слушаме, чувствуваме и мирисаме. Аугментирана Реалност (АР) има магична димензија која ги оживува дво-димензионалните ликови на страната во три-димензионална анимација и звук.

Светскиот лидер во едукативни програми за деца, Helen Doron Educational Group, користи иновативна едукативна програма за учење англиски наречена, Jump with Joey, за деца на возраст од 6 до 9 години. Оваа програма е една од првите интерактивни, мултимедиа англиски курсеви за деца што ја вклучуваат технологијата на аугментираната реалност во материјалите за учење.


Можеби ќе ве интересира:


Клучот на иновативноста кај оваа програма е токму во магичните книги, во кои приказните се збогатени со активности од Аугментирана Реалност кои го привлекуваат вниманието на учениците, со што ги мотивираат да посветат повеќе време додека се дома да учат и да го запознаваат англискиот јазик.

Анимираните ликови во магичните книги со помош на аугментираната реалност оживуваат и преку нив децата ги слушат зборовите како точно се изговараат, а преку илустрациите учат што точно значат.

Преку магичните книги на Jump with Joey децата го учат англискиот јазик додека истовремено ги проширува погледите на нивните млади умови преку приказни прикладни за возраста кои ги охрабруваат подобро да го разберат светот во кој живеат. Учениците учат за важни животни вредности како пријатество, здрава исхрана и заштита на околината.