Македонија
 

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ТОА ДА ИМ ЧИТАТЕ НА ВАШИТЕ НОВОРОДЕНЧИЊА?

Мислите дека вашето бебе е премладо за да има корист од читање? Размислете повторно. Истражувањата покажуваат дека никогаш не е прерано да уживате во книгите со вашето дете. Затоа извадете ги книгите за Црвенкапа и уживајте во овој ритуал.

shutterstock_778031638

1.Ќе станете поблиски со вашето дете
„Читањето книги на вашето новороденче е активност која може да се претвори во “, вели Мери Ан Абрамс, доктор по медицина, Reach Out and Read’s медицински директор (reachoutandread.org). „Го изложува бебето на звукот на вашиот глас, кој за нив е смирувачки.“ Всушност, едно неодамнешно истражување во Списанието на педијатрија за развој и однесување откри дека кога им се чита на бебињата во Одделот за детска интензивна нега тоа им помага на родителите да ги развијат истите чувства на интимност кои родителите на здравите новороденчиња ги развиваат во деновите и неделите по раѓањето на бебето.

2.Ги подготвува за да читаат сами
Иако вашето новороденче не разбира што му читате, тоа може да го распознае ритамот, тонот и промената на вашиот глас, вели Кенет Вибл, доктор за медицина, во Детските болници и клиники Мерси, Канзас, Мисури. Истражувањата покажуваат дека на колку повеќе зборови е изложено бебето, толку поподготвено ќе биде за да почне самото да чита.

3.Ја зголемува моќта за мозокот
Истражувањата исто така покажуваат дека децата на кои им се чита како новороденчиња имаат поголем фонд на зборови како и понапредни математички вештини, од другите деца на нивна возраст. Исто така постои директна врска помеѓу тоа колку зборови бебето слуша секој ден и нивните вештини за јазик. Според едно истражување, бебињата чии родители многу им зборувале имале подобри резултати на стандардизирани текстови на 3 години отколку оние чии родители не им зборувале многу.

4.Читањето изнудува реакција од вашето бебе
Д-р Вибл вели дека откако ќе му читате на вашето новороденче некое време, ќе забележите дека вашето бебе реагира на ритмиката на вашиот глас со неговите раце и нозе. „Кога им се чита на децата тоа им помага да го видат и слушнат она што ги опкружува и соодветно да реагираат на тоа“, вели тој.

5.Ги запознава со емоции
Вашето бебе е изложено на емоции низ различните звуци кои ги користите додека читате, без разлика дали читате со одреден глас за некој лик или го опишувате тоа што се случува во книгата. „Едноставно не можете да ги слушнете таквите емоции преку музика или гледање телевизија“, објаснува д-р Абрамс. “Изговорениот збор ја пренесува идејата дека зборовите имаат значење и дека одредени звуци значат одредени работи.“

6.Ги изложува на визуелен стимул
Од 0 до 3 месеци, вашето дете ќе почне да ги фокусира очите на едноставни шари на страниците. Читањето книги со слики го изложува вашето новороденче на разни форми, букви и бои кои тоа ќе почне да ги распознава како што ќе расте.

7.Им покажува дека читањето е забавно
Доколку читањето ви стане дел од секојдневната семејна рутина тоа ќе го научи вашето дете дека читањето е уживање, а не обврска која мора да се заврши за училиште. Таквото однесување ќе поттикне љубов кон читањето кои ќе трае низ целото нивно детство па и кога ќе станат возрасни.

8.Бонус: Можете да им читате што сакате!
Ви здосадија детски книги? Не грижете се – поради тоа што новороденчињата сѐ уште не разбираат зборови, вие можете да изберете што ќе им читате. Статија во весник, роман, па дури и книга по избор на вашиот клуб за читање. Не е важно што им читате сега, се додека го правите тоа.

И бебињата сакаат книги! Дознајте како и колку долго да им читате на вашите новороденчиња, овде.

_______________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476